УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ 2022/23

Фудбалерите му се истурија на Гибралтар

Филип Здравески
/ 12.06.2022 / 19:52

Македонската фудбалска репрезентација ги затвори јунските настапи во Лигата на нации на УЕФА со убедлива победа од 4:0 над Гибралтар, кој во Скопје допатува откако одигра нерешено со Бугарија.

Миовски, Зајков и Серафимов на натпреварот, фото: ФФМ

Селекторот Благоја Милевски, за овој последен четврти натпревар во јуни, направи доста промени во стартниот состав давајќи им шанса на играчите кои беа на клупа или влегуваа во игра во второто полувреме на претходните три натпревари. Помеѓу стативите шанса доби Дамјан Шишковски, во одбраната лево Кире Ристевски, десно Тодор Тодороски, а на централните позиции Ѓоко Зајков и Никола Серафимов. Во средината Бобан Николов, Елиф Елмас и капитенот Енис Барди, на крилните позиции Езџан Алиоски лево и Дарко Чурлинов десно, додека Бојан Миовски како најистурен. За овој натпревар не се во комбинација повредениот Александар Трајковски и суспендираниот Давид Бабунски (парни жолти).

Remote video URL

Натпреварот почна како што само можевме сите да се надеваме. При вториот наш напад Лопес играше со рака создавајќи одлична прилика за Барди да изведе слободен удар од 20 и нешто метри. Македонскиот капитен мајсторски шутираше и со помош на левата статива го отвори резултатот.

Remote video URL

Македонија продолжи да напаѓа. Во 7. минута Миовски ја затресе гредата по проигрување од Алиоски, а на одбиената топка Николов се обиде, но над голот.

Во 14. минута водството беше дуплирано. Барди нафрли од слободен од лево, а Миовски со глава заби во мрежата на немоќниот Банда. На прв поглед сите помислија дека тоа е прв гол на Миовски во репрезентативниот дрес, но потоа УЕФА по прегледување на снимката утврди дека всушност е автогол на Ториља. Миовски сепак две минути подоцна навистина го постигна својот прв гол, за 3:0, откако убаво си поигра со гостинската одбрана.

Бојан Миовски го слави деби погодокот, фото: ФФМ

Можеше да биде 4:0 во 20. минута кога Чурлинов несебично му намести на Барди, кој не шутираше од прва, но потоа си отвори простор, само за да бие директно во Банда.

Чурлинов беше себичен во 23. минута кога од косо од лево шутираше во Банда. Во истата минута Гибралтар прв пат се закани кога Кашаро му намести на Валарино, но Шишковски одбрани одкако се испружи до стативата. Следуваа обиди на Миовски и Барди, но Банда некако успеваше да одбрани. Потоа Зајков со глава по корнер го префрли голот.

Во тек беше 31. минута кога Барди од лево префрли на другата страна каде во празно го најде Тодороски, а овој несебично му намести на Чурлинов кој од пред гол само ја внесе топката во небранетата мрежа за веќе високи 4:0.

Наредната добра шанса беше на три минути пред паузата кога Николов од 18 метри упати одличен удар, а Банда малку, но доволно ја чепна за да отиде над пречка во корнер.

На полувреме Милевски направи три замени вадејќи ги стандардните Барди, Алиоски, и Чурлинов, а шанса добија тројца дебитанти: Енис Фазлагиќ, Валон Етеми и Бојан Димоски. Капитенската лента замина на раката на Елмас.

Второто полувреме беше далеку помирно и побезопасно по голот на гостите. Иако Македонија напаѓаше, нападите беа далеку понеопасни од оние во првите 45 минути.

Во 79. минута Милевски шанса да дебитира му даде и на Томче Гроздановски, кој влезе на местото на Елмас, а капитенската лента се префрли кај Николов. Со оваа замена Македонија последните десетина минути ги одигра со дури четворица дебитанти во тимот.

Конечно добра шанса дојде во 85. минута кога дебитантот Етеми упати силен удар, а Банда одбрани.

Во последната минута Гибралтар доби одлична можност од слободен удар малку надвор од шестнаесетникот, се обиде Вокер, но Шишковски спречи да се затресе мрежата.

Во надополнувањето Етеми нападна од лево, измеша двајца гости, упати силен удар, но подалечната статива го спречи да се израдува на гол во своето деби. Следуваше корнер по кој Зајков со глава промаши. Веднаш потоа молдавскиот судија означи крај.

Со оваа победа Македонија сега има 7 бода и е на 2. место во групата, зад лидерот Грузија. Грузијците се мачеа со Бугарија во Тбилиси играјќи без голови, иако претходно ги потопија со 5:2 во Разград.

Табела:
  1. Грузија 10
  2. Македонија 7
  3. Бугарија 3
  4. Гибралтар 1

Следните натпревари на нашата репрезентација се во септември кога гостуваме кај Грузија и играме дома со Бугарија.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе