Гигс: Роналдо може да игра до 40 години

Велшкиот стратег и поранешен соиграч на Кристијано Роналдо верува дека Португалецот ќе може успешно да игра и до 40-годишна возраст.

Рајан Гигс и Роналдо играа заедно додека Португалецот не си замина од Манчестер Јунајтед летото 2009 година за да премине во Реал мадрид.

„Нормално, ќе треба да биде во вистинскиот клуб. Јас бев во голем клуб и играв до 40, можам и него да го видам како игра до таа возраст“, вели Гигс за новинската агенција PA.

„Тој се грижи за себе - се храни правилно, одмора правилно и живее за фудбалот - тој е најголемиот професионалец со кој некогаш сум играл“, тврди Велшанецот.

Роналдо сега има 35 години, а изминатава сезона во Серија А постигна 31 гол на 33 натпревари во дресот на Јувентус. Пред некој ден во репрезентацијата на Португалија го прослави голот број 101.

„Го видов на почетокот од неговата кариера и никогаш не ни претпоставив дека ќе постигнува толку многу голови. Тој беше талент и брилијантен играч кој нѐ возбудуваше. Кристијано секогаш учеше од играта и како и јас, секогаш се стремеше кон повеќе. Висеше во теретана и во умот му се вртеше само тоа колку добар би можел да биде. Во една сезона во Јунајтед постигна 40 голови и потоа сѐ што направи досега е неверојатно“, рече Гигс.

„Порано, возраста за играње фудбал беше околу 30-32 години, но сега има играчи кои играат до 40“, изјави Роналдо лани во едно интервју.

Токму Рајан Гигс играше до 40 години. До 40 играа и Теди Шерингем, Ромариу, Алесандро Костакурта, Хавиер Занети, Франческо Тоти, а над таа граница беа Паоло Малдини (41), Ривалду (43) и Роже Мила (44).

Од познатите играчи, најблиску до 40 години е Златан Ибрахимовиќ кој на 3 октомври ќе наполни 39 години и сѐ уште игра на високо ниво бранејќи ги боите на Милан.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе