АТП СИНСИНАТИ 2023

Ѓоковиќ ќе го предизвика Алкарас во Синсинати

Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкарас ќе се борат за титулата на мастерсот во Синсинати. Шпанецот во полуфиналето го победи Хуберт Хуркач, а српскиот тенисер беше подобар од Александер Зверев.

Алкарас, како и во претходните две рунди, со пресврт успеа да слави над Полјакот кој одигра извонреден турнир. Хуркач го доби првиот сет, убедливо со 6:2, а потоа Алкарас возврати со 7:6 и 6:3.

Со оваа победа, без оглед на резултатот во финалето, Алкарас ја задржа првата позицја на АТП листата и на УС опен ќе биде прв носител.

Број 2 на АТП листата ќе остане Ѓоковиќ, кој по голема борба, во два сета го победи Зверев. Првиот сет Ѓоковиќ го доби во тај-брејк, а вториот со 7:5, откако претходно не успеа на 5:4 да ја заврши работата. Зверев направи брејк, во веќе во наредниот гем Ѓоковиќ успеа да му го одземе сервисот, а потоа го реши мечот.

Ѓоковиќ вечерва (22:30 часот) ќе се бори за третиот трофеј во Синсинати и за 39-тата титула на мастерс турнирите.

Алкарас и Ѓоковиќ досега одиграа три меча, а Шпанецот води со 2:1. Алкарас победи лани во полуфиналето на мастерсот во Мадрид и оваа година на Вимблдон, а Ѓоковиќ годинава славеше во полуфиналето на Ролан Гарос.

реклама

Тенис

Ѓоковиќ поразен на стартот од Монте Карло

Read more

Навредливи графити кон Ѓоковиќ се појавија низ Србија

Read more

Нов шок во тенисот: Тенисери и тенисерки им се заканија на грен слем турнирите

Read more

Чешки тинејџер го сопре Ѓоковиќ на патот кон 100-тата титула во кариерата

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Бизарна врска: Клупската членска цело време го криела времето на смртта на папата?

Читај повеќе

Каква улога ќе има Модриќ во Свонси?

Читај повеќе

Marca: Ал Наср подготвува тим од соништата

Читај повеќе

Барселона без Левандовски против Реал и Интер?

Читај повеќе

Консејсаун: Кога Милан освоил два трофеја во една сезона?

Читај повеќе

Животната драма на Фернандо Мориентес: Можев да умрам…

Читај повеќе

Одложени натпреварите во Италија поради смртта на папата

Читај повеќе

Лестер испадна од Премиер лигата и продолжи да руши негативни рекорди

Читај повеќе

Конте му се налути на Де Лаурентис: Не сум будала

Читај повеќе