Ѓоковиќ: Нема да заборавам што ми направија во Австралија

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вели дека минатата година во Австралија бил претставен како најголемиот злосторник во светот и дека сè уште не може да закрепне од тоа што му се случи во оваа земја.

Вели дека му е тешко да го заборави тоа што му се случи кон крајот на 2021 година и почетокот на 2022 година, кога по две недели престој по затвори и притвори во Австралија беше депортиран од државата.

„Се надевам дека ќе ја освојам десеттата титула на Австралија опен, но уште немам заборавено што ми се случи минатата година. Бев вовлечен во медиумска бура во чиј епицентар беа сите настани поврзани со коронавирусот и вакцините. Одеднаш станав најголемиот негативец, а тоа е тешка позиција кога сте спортист“, изјави тенисерот за австралиските медиуми.

Опиша и дека по враќањето во Србија со недели не излегол од дома.

На крајот додаде дека медиумите во Австралија сосема погрешно ја претставиле целата приказна, па затоа ја сфаќа фрустрацијата на Австралијците.

„Сакав да останам и да играм тенис, но работата излезе од контрола и повеќе не можев да издржам. Најмногу ме боли тоа што луѓето имаа погрешна идеја за тоа што се случи. Со месеци пишуваа негативно за мене и ми создадоа многу проблеми во животот, како на мене, така и на блиските околу мене“, вели тенисерот.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Тенис

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Read more

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе