Готово е: Шеик го презема Манчестер Јунајтед, конечно ќе му парира на Сити

Манчестер Јунајтед конечно премина во рацете на катарскиот милијардер откако англиските медиуми утринава го објавија датумот на купување на клубот.

Познатиот англиски клуб е на продажба од ноември минатата година кога семејството Глејзер по долгогодишни протести на навивачите реши да се откаже и да го стави клубот на продажба. Тие тогаш рекоа дека бараат стратешки алтернативи за ново раководство на клубот.

Од тој момент најголемата борба се водеше меѓу најбогатиот Британец, Џим Ретклиф, и катарскиот милијардер, шеикот Џасим. Претходните сопственици од американското семејство Глејзер го „поддржуваа“ Ретклиф, бидејќи во тој случај и тие ќе задржеа дел од акциите.

Сепак, шеикот Џасим ја доби оваа жестока битка и катарската држава ќе го води Манчестер Јунајтед во наредните години, што би можело да го изедначи клубот со градскиот ривал Манчестер Сити.

URL

Утринава во пишувањата на англиските медиуми се наведува дека датумот за официјална продажба на Манчестер Јунајтед е одреден за средината на октомври. Шеикот Џасим ќе одвои неверојатни 7,05 милијарди евра за купување на Јунајтед.

Така, семејството Глејзер ќе оствари неверојатен профит од Манчестер Јунајтед. Да потсетиме, американските бизнисмени во 2005 година на Јунајтед му платија помалку од милијарда евра, а сега ќе го продадат за повеќе од 7 милијарди.

реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Read more

Фудбал

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе