ГП „Богородица“ работи нормално, а „Евзони“ уште не е отворен

Најфреквентниот граничен премин „Богородица“ кон соседна Грција утрово функционира нормално во очекување на поголемо сообраќајно раздвижување на патници и туристи, но граничниот премин Евзони на грчка страна, и покрај најавите, до овој момент, сè уште не е отворен, потврдија од дежурната служба на ГП „Богородица“.

-Од утрово од 7 часот, за кога беше најавено отворањето на ГП „Евзони“, низ нашиот граничен премин кон Грција заминаа петнаесетина возила кои до овој момент сè уште чекаат на „Евзони“ за влез во Грција затоа што грчките гранични органи сè уште чекале официјален документ од Атина и додека не го добиеле, на ГП „Евзони“ ќе се чека, рекоа од дежурната служба на ГП Богородица.

Инаку, состојбата на нашиот граничен премин е релаксирана. Граничните полицајци и царинските работници се подготвени за зголемен проток на туристи, но барем денеска ги нема во поголем број.

На нашата граница освен патни исправи не се потребни други документи, а за влез во Грција на ГП „Евзони“ треба да се покаже вакцинален картон со примени две дози од која било вакцина од која втората доза треба да е примена најмалку пред 14 дена, негативен ПЦР тест не постар од 72 часа или потврда за прележана болест.

Се очекува во текот на денот, ГП „Евзони“ да ги дигне рампите за влез во Грција. откако ќе пристигне официјалниот документ од владата во Атина. 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе