Во земјава нема да се вакцинираат лица под 60 години

Граѓаните кои сакаат да примат втора доза AstraZeneca, ќе може тоа да го сторат во Србија

Граѓаните кои примија прва доза од вакцината AstraZeneca, а сакаат да се ревакцинираат со истата вакцина, тоа може да го сторат во соседна Србија. Министерството за здравство останува на препораката да не се прима ревакцинација од AstraZeneca кај лица помлади од 60 години.

– Доколку граѓаните сметаат и имаат волја да ја примат втората доза на вакцината на AstraZeneca тоа може да го сторат во соседна Србија. Ние не препорачуваме да се прими ревакцина од вакцината AstraZeneca кај сите кои имаат возраст помала од 60 години, изјави вечерва министерот за здравство Венко Филипче на гостувањето во централниот дневник на телевизија „Сител“.

Засега, Министерството останува на ставот оваа вакцина да се дава на лица постари од 60 години.

– Ние засега нема да ја даваме вакцината на AstraZeneca кај помлади лица од 60 години затоа што сепак има мала бројка на тромботични ситуации кои се посебно предизвикани кај помлади луѓе и сметаме дека треба да бидеме внимателни. Сè уште нема јасна препорака, иако има некои најави, дали лицата кои се помлади од 60 години, а примиле прва доза од AstraZeneca дека треба да примат друга вакцина. Од препораките што ќе произлезат од националните агенции на некои европски држави или од Европската агенција за лекови, ќе зависат и нашите препораки, рече Филипче.

Појасни дека тромботичните реакции се јавуваат отприлика 14 дена по примањето на првата доза од вакцината.

Дали ќе има полициски час и рестриктивни мерки за време на претстојните верски празници, министерот рече дека тоа ќе зависи од бројот на нови случаи и притисокот за прием на пациенти кон болниците во следниот период. Одлуката, како што посочи, ќе биде донесена во текот на следната недела.

Нагласи дека состојбата се стабилизира и спласнува притисокот врз болниците, иако голем дел од одделенијата кои примаат ковид пациенти не се целосно ослободени поради тоа што се уште има голем број на дијагностицирани пациенти кои поради карактеристиките на болеста и подоцнежното влошување на состојбата, постои можност да побараат медицинска помош во следниот период. 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе