Грчките конзерватори со позитивни впечатоци по посетата на Курбиново, Хераклеја и Охрид

Во изминатите три дена, во работна посета на Република Северна Македонија, присуствуваа Флора Карајани, директорка на Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици и Мариа Мерзани, директорка на Управата за конзервација на антички и современи споменици од Република Грција.

Како што соопшти Министерството за култура, за време на посетата експертите од Грција со директорот на НУ „Завод и музеј“ – Прилеп, Благој Атанасовски го посетија манастирот Трескавец.

Нивната работна посета продолжи во Преспа каде со директорката на НУ „Завод и музеј“ – Битола, Мери Стојанова и надлежните конзерватори, ги посетија црквата „Св. Илија“ во село Грнчари и црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново.

Во Курбиново се дискутираше за досега преземените зафати во доменот на конзервацијата на архитектурата на цркавата и за активностите кои следат, како и за проектот кој претстои – конзервација на ѕидното сликарство.

За време на посетата, експертите од Грција го изразија својот позитивен впечаток за стручниот пристап во реализацијата на досегашните активности.

Работната посета продолжи со посетата на археолошкиот локалитет Хераклеја Линкестис, каде Мери Стојанова имаше можност да продискутира за значењето на локалитетот, но и за активностите кои се преземаат во рамките на проектот за инфраструктурно унапредување на Хераклеја, во програмата за прекугранична соработка со Албанија, SMART-CUL-TOUR, како и проектот за конзервација на архитектурата и мозаиците во Хераклеја.

Работната посета продолжи со посета на Охрид, каде гостите имаа можност да се запознаат со историјата и актуелните програмски активности во Галеријата на икони, „Св. Богородица Перивлепта“ и „Св. Софија“.

Посетата на Флора Карајани, директорка на Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици и Мариа Мерзани, директорка на Управата за конзервација на антички и современи споменици од Република Грција започна пред три дена во Скопје со посета на Археолошкиот музеј и средба со министерката за култура, Ирена Стефоска. На средбата, меѓу другото, беше иницирано и потпишување меморандум за соработка со Европскиот центар за византиски и поствизантиски споменици и беше изразена подготвеност за конкретна соработка помеѓу двете пријателски земји со особен фокус на конзервација и реставрација на византиското наследство, обука на стручни кадри за заштита, како и академска соработка и изработка на трудови. На средбата беше договорено дека соработката ќе се формализира оваа пролет, а некои од заедничките проекти ќе може да почнат веќе оваа година, соопшти Министерството за култура.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Култура

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Read more

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Read more

Прогласен лауреатот на наградата Антево слово 2024 година

Read more

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе