Грен слем шампионот најави крај на кариерата

Победникот на УС опен во 2020 година, Доминик Тим, сериозно размислува да ја заврши кариерата.

Некогаш треторангираниот тенисер во светот се здоби со две тешки повреди во 2021 година, прво на коленото, а потоа на зглобот на десната рака. После тоа му се врати на тенисот, но никогаш повеќе не беше оној стариот.

„Поминаа две години откако се вратив од повредите. Ми се чини дека завршив на 100. место во 2022 година, а на 98. во 2023. Ако нема напредок оваа година, морам да размислам дали сето ова има смисла“, изјави 30-годишниот Тим.

Во меѓувреме го отпушти тренерот и работи со својот татко Волфганг, а веќе најави дека ќе ги пропушти двата мастерс турнири во САД, Индијан Велс и Мајами, за да игра со челенџери на земјена подлога.

Покрај титулата во Њујорк, Тум во кариерата одигра уште три грен слем финалиња во кои загуби од Новак Ѓоковиќ на Австралија опен во 2020 година и од Рафаел Надал на Ролан Гарос во 2018 и 2019 година. Во кариерата освои вкупно 17 титули.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Тенис

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Read more

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more
 

Спорт

  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе