Груевски, Канческа и Ставрески дел од осомничените во Скопје 2014 со Тодоровиќ за набавка на 10 споменици

Експремиерот Никола Груевски, ексминистерката Елизабета Канческа-Милевска и ексминистерот за финансии Зоран Ставревски се дел од осомничените во предметот „Скопје 2014“ заедно со поранешните градоначалници на Центар, Владимир Тодоровиќ и Виолета Аларова. Вкупно 15 лица се под истрага за набавка на десетте споменици дел од проектот, за кој се води постапката.

„По опсежно проверена постапка под кондо име ‘Феникс’ до судија за претходна постапка се поднесени барања за претреси, одземање на имот поради идна конфискација, замрзнување на банкарски сметки, барање за притвор. Се спроведува постапка против 15 лица, каде освен македонски државјани има и државјани од Италија, поради сомневање дека сториле кривични дела злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари“, посочи обвинителот Љубомир Лапе.

Меѓу спомениците за кои се води постапката се: Воин на коњ на плоштадот „Македонија“, лавовите, Даме Груев, Гоце Делчев, Никола Карев, Цар Самоил, Прво заседание на АСНОМ – изработени од исто правно лице во Италија.

„Од втората половина на 2007 година, првоосомничениот (Никола Груевски) искористувајќи ја службената положба како претседател на Владата, како и тогашниот советник и градоначалник на Општина Центар, се приврзале за добивање значајна корист. Осомничените почнале со реализација на проект ‘Скопје 2014’ за кој не постои програма, документ од надлежен орган. Иако станувало збор значајни за државата, иницијативите се поднесувале пред Совет на Општина Центар, па се отпочнувале постапки за меморијални споменици за кое единствено надлежно е Собранието. Осомничените потпишувале незаконски владини одлуки и трансферирале средства во Општина Центар. Осомничените си обезбедиле финансиски средства, вкупен износ од 57 милиони евра“, кажа обвинителот Лапе.

Наместо Собранието, кое ја имало надлежноста, одлучувал Советот на Општина Центар. За Лапе, ова е заобиколување на парламентарна контрола.

„На тој начин, осомничените го нарушиле начелото за поделба на власта, а од стручната јавност и граѓаните го прикриле вистинскиот износ кој е платен“, посочи обвинителот.

За градоначалниците Тодоровиќ и Аларова, посочи дека сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување.

„Петто и шесто осомничените како градоначалници на Центар, четврто осомничениот како претседател на Советот на Центар, при вршењето на јавни набавки, направиле продолжено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување. Тие спровеле незаконски јавни набавки. При изборот прифатиле понуди со нереални цени.. Италијанскиот државјанин потпишувал договори иако немале дејност леење и изработка на мебел. Со поддоговори, тој лажно прикажувал дека ги изработувал, а работите ги префрлал на други правни лица“, додаде Лапе.

Парите од Италија исплаќани од Македонија, биле враќани, тврди обвинителот.

„Лица од Италија, преку правните лица, преку банкарски средства со фиктивни фактури пренеле пари од Италија во Македонија. Овие средства од правното лице во Македонија и предадени на еден од осомничените, дел префрлени на други правни лица каде повторно биле подигнати во готовина“.

За четврто осомничениот Владимир Здравев постои сомневање дека создал група за перење пари. Членови биле други осомничени, меѓу кои, Италијанци.

Според Лапе, тендерски се плаќани дупло, наспроти набавната вредност во Италија. Истрагата е во тек.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе