И тоа е можно: Реал му забрани на свој фудбалер да зборува за Меси

Фудбалерите во клубовите мора да се придржуваат до строго дефинирани кодекси во кои има одредени забрани, а Родриго ги шокираше медиумите откривајќи што му забранил неговиот Реал Мадрид.

Родриго беше прашан од новинарите по победата на Реал Мадрид над Наполи од 4:2 на „Сантјаго Бернабеу“ за преписката со Лионел Меси на натпреварот помеѓу Бразил и Аргентина на „Маракана“ во квалификациите за Мундијалот 2026, а добија навистина неочекуван одговор.

„Не можам да зборувам за тоа. Реал Мадрид не ми дозволува“, изјави 22-годишниот Родриго и веднаш се оддалечи од новинарите.

URL

Да потсетиме, минатата недела Меси најпрвин ги повлече соиграчите од теренот на „Маракана“ поради нередот на трибините пред мечот кога се судрија бразилската полиција и аргентинските навивачи, а потоа Родриго го навредуваше кога Аргентинците конечно излегоа на теренот.

Фудбалерот на Реал ги нарече играчите на Аргентина „кукавици“ по што следуваше брутален одговор од далеку поискусниот Меси.

Меси го фати за врат и му рече: „Ние сме светски шампиони, зошто сме кукавици? Заќути“.

На крајот, Аргентина победи со 1:0 и со тоа му го нанесе на Бразил првиот пораз на домашен терен во мундијалските квалификации во историјата.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Фудбал

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе