1.МФЛ 2020/21

И Вардар бесен на судиските одлуки

Продолжуваат жалбите за слабото делење на правдата на натпреварите од првата македонска фудбалска лига. По Работнички денеска со полака се јави и Вардар.

Кога се погледне резултатот од 1:5 со кој Вардар во саботата загуби од Шкендија, веројатно никој не би ни помислил дека на него влијаеле судиски грешки. Но, од „Црвено-црниот“ табор укажуваат токму на такво нешто.

„ФК Вардар, актуелен освојувач на 1.МФЛ и најтрофеен фудбалски клуб во Македонија е должен да реагира на судиските лакрдии од страна на арбитрите на натпреварот против Шкендија“, почнува соопштението на клубот.

„Би сакале да ја информираме јавноста дека судиската четворка предводена од Марјан Гоцевски (син на член на Судиски одбор на ФФМ и воедно прогласен за најдобар судија за 2019 година) целиот натпревар го водеше срамно и тотално непрофесионално. Во два наврата на очигледни ситуации за пенал во корист на ФК Вардар останаа неми и директно влијаеја на конечниот резултат. Првата најстрога казна беше на егал резултат, а втората на минимално водство на противникот. Како спорна ја наведуваме и ситуацијата при постигнување на третиот гол на противникот кој беше реализиран од офсајд ситуација“.

„Без да должиме, бараме под итно Судиската комисија при ФФМ да излезе со свое видување за овој преседан. ФК Вардар во неколку натпревари е оштетуван драстично, но сега веќе мораме да реагираме со цел да ги заштитиме играчите и стручниот штаб. Сакаме на целосното раководство на ФФМ да им потенцираме за судиските неправди, да бидат свесни и да преземат соодветни мерки за судиите кои константно влијаат на конечните резултати на многу натпревари во тековната сезона“.

Во новата сезона не се само Работнички и Вардар кои се жалат на судењето. Досега обвинувања за судиски кражби искажаа и Борец, Пелистер, како и неколку второлигаши.

„Сезонава, како никогаш досега реагираат повеќе од половината прволигашки екипи на нееднаквиот третман во делењето на правдата на натпреварите. Сето ова наведува дека г-дин Божиновски и тоа како треба да реагира. Решение мора да се најде, во спротивно ние како клубови ќе мора да најдеме начин како да се заштитиме од овие намерни грешки на дел од судиите кои имаат за цел директно да наштетат на одредени клубови“.

Од Вардар истакнуваат дека во лошото судење не бараат оправдување за поразот од тетовскиот тим: „Воедно уште еднаш сакаме да им ја честитаме победата на ФК Шкендија, клуб кој поседува голем тимски и индивидуален квалитет. Со ова известување не бараме алиби за високиот пораз, но истовремено се извинуваме на нашите навивачи со обврска напорно да работиме и до крајот на оваа полусезона да освоиме што е можно повеќе бодови и да напредуваме на првенствената табела“.

Remote video URL
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе