Ибра останува во Милан, но на директорска позиција?

Златан Ибрахимовиќ ќе ја соопшти одлуката дали ќе остане активен играч или ќе се пензионира по последниот натпревар на Милан оваа сезона.

Моментално водечкиот тим во Серија А ќе го одигра тој натпревар в недела против Сасуоло, а потоа треба да се знае дали шведскиот напаѓач ќе продолжи да настапува за него.

Со полни 40 години и договор до крајот на јуни, сите опции се отворени. La Gazzetta dello Sport наведува дека Ибра би можел да ја продолжи својата играчка кариера, не нужно во Милан, но и да потпише продолжување за актуелниот клуб. Се споменува и опцијата за прекин на кариерата и во тој случај би можел да преземе некоја од директорските места во Милан.

На Милан му треба само еден бод во последниот натпревар од сезоната за титулата шампион на Италија, прва по сезоната 2010/2011 и 19. вкупно. Ибрахимовиќ поради повреди, а поради тактичките замисли на тренерот Стефано Пиоли во 2021/2022 не играше премногу. Тој собра 22 првенствени натпревари, но во просек имаше 44 минути во нив и постигна осум гола.

Сепак, неговото влијание врз успехот на тимот е многу видливо и италијанските медиуми ги истакнуваат неговите заслуги во трансформацијата на клубот. Тој веднаш по враќањето во Милан го врати тимот во Лигата на шампионите, а сега се бори и за титулата за која навивачите сонуваат повеќе од десет години.

реклама

Фудбал

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Read more
 

Спорт

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ ги испрати Леброн и Лејкерс на годишен одмор

Читај повеќе

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе