Идеја за десерт: Куглици од јаболка и бисквити со чоколаден прелив

Јаболката ја носат титулата за најпознато овошје. Денес се знае дека постојат над 8.000 сорти од ова овошје, кои варираат од слатки до кисели. Имаат и свој ден кој се одбележува на 20 октомври.

Надалеку е познато дека јаболкото го чува нашето здравје и дека од него се прават едни од највкусните десерти. Во чест на ова овошје еве еден рецепт кој може добро да ви послужи за вашата свечена трпеза, без разлика за кој повод се работи, а се прави навистина едноставно.

Потребни состојки:

  • 2 јаболка
  • 200 гр мелени бисквити
  • 1 лажичка цимет
  • ½ шолја дробени ореви

за глазурата:

  • ¾ шолја млеко
  • 65 гр какао во прав

Подготовка:

За почеток излупете две големи јаболка, исечкајте ги на четвртинки и извадете им ја внатрешноста со семките. Потоа изрендајте ги на ситно ренде. Ренданите јаволка оставете ги на страна. Во нив додадете бисквити, потоа лажичка цимет и пола шолја дробени ореви. Мешајте ја смесата додека убаво не се поврзе. Формирајте куглици. Покријте ги со проѕирна фолија за да не се исушат. Оставете ги во фрижидер околу 30 минути.

Во меѓувреме направете ја глазурата. За тоа треба во тенџере да измешате ¾ шолја млеко и 65 грама какао во прав, и тоа да го готвите додека смесата не проврие. Цело време мешајте за да избегнете грутки и да не се лепи на дното од тенџерето. Сварениот и згуснат сос тргнете го од оган, потоа префрлете го во чинија и оставете да се излади. Извадете ги јаболковите куглици и секоја прелијте ја со чоколаден сос. Украсете ги по желба.

Remote video URL
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Рецепти

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Read more

Печурки во кремаст сос од павлака и кашкавал

Read more

Рецепт за најдобрата Цезар салата со сардини

Read more
 

Магазин

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе