Instagram има нови шаблони и алатки за полесно креирање на Reels

Социјалната мрежа Instagram им овозможи на корисниците да користат нови шаблони и алатки за да им го олесни креирањето на популарните Reels.

Покрај новите шаблони и алатки, Instagram во наредните недели ќе ги конвертира сите видео објави во Reels, како што беше најавено претходно.

Новитетите претставуваат „оружје“ на Instagram за борба против ривалот TikTok, а станува збор за проширување на можностите, односно начин за соработка со корисниците со помош на Reels. Корисниците сега можат да ремиксираат не само видеа, туку и фотографии на Instagram, за да имаат повеќе материјал за користење.

Создавачите на содржини сега можат да користат зелен екран, поделен екран или приказ на реакција слика-во-слика, и лесно е да ја додадат нивната содржина на постоечки Reel. Дополнително, корисникот може да го постави својот ремикс на крајот од оригиналниот Reel наместо да ги прикажува еден до друг. Овој формат функционира подобро кога креаторот сака да го изрази своето мислење за „жешка тема“ или да побие некои тврдења.

Компанијата Meta, која е сопственик на Instagram, воведе и шаблони за да го олесни креирањето на Reels со претходно вчитани аудио и видео ефекти, доволно е само да додадете своја фотографија или видео. Корисникот може да пристапи до колекцијата на шаблони со допирање на иконата на камерата во табот Reels.

Друга иновација која ќе му помогне на Instagram да се носи со TikTok е можноста за истовремено снимање со предната и задната камера на мобилниот телефон преку апликацијата.

Meta ги потврди и шпекулациите дека сите видео содржини објавени на Instagram ќе бидат претворени во Reels, но тоа важи за клипови пократки од 15 минути. Во апликацијата може да се препорачаат клипови пократки од 90 секунди и би можеле да имаат поширок дофат.

Сепак, Instagram нема да ги препорачува оние Reels кои се кај корисници со приватни профили и нема намера ретроактивно да ги конвертира старите објави. Оваа функција доаѓа во наредните недели и ќе ги консолидира сите видеа и Reels под една картичка во апликацијата.

Instagram пред неколку дена воведе функција која ќе им овозможи на инфлуенсерите да заработат пари од нивните Reels. Креаторите сега можат да споделуваат Reels само со претплатници со „заклучување“ на содржината зад paywall.

Meta им вети на креаторите дека нема да им ја намали заработката до 2024 година, но ставањето на Reels зад paywall е еден од начините за нивна монетизација. Директорите на компанијата претходно изјавија дека имаат намера да се фокусираат на монетизација на Reels што е можно поскоро во втората половина на 2022 година, така што веројатно во блиска иднина ќе видиме повеќе функции посветени на заработка на кратки клипови.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Софтвер

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Read more

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Read more

Новата верзија на ChatGPT може да флертува и да ги учи корисниците математика

Read more

Како се креира содржина во поновите верзии на Microsoft Word?

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе