Instagram надмина 2 милијарди активни корисници месечно, напредува и WhatsApp

Компанијата Meta ги објави најновите податоци за социјалните мрежи Instagram и Facebook, како и за апликацијата WhatsApp.

Instagram надмина 2 милијарди активни корисници ширум светот на месечно ниво и со тоа му се доближи на Facebook кој има 2,96 милијарди корисници. Овие податоци се објавени во склоп на финансискиот извештај. Исто така, наведено е и дека апликацијата WhatsApp секој ден ја користат над 2 милијарди корисници. Со тоа, оваа апликација на Meta месечно ја користат 3,71 милијарди корисници ширум планетава.

Instagram во јуни 2018 година ја премина границата од милијарда месечно активни корисници, а оттогаш ја доживеа една од најголемите трансформации откако беше купен од Facebook, односно денешна Meta, пред 10 години. Instagram повеќе не прикажува само објави на луѓе кои корисникот ги следи, туку и повеќе алгоритмички одбрани содржини врз основа на она што „мисли“ дека го интересира корисникот. Платформата додаде и кратки клипови во стилот на TikTok под името Reels, кој сега има приоритет во однос на другите видео формати.

Meta овие промени ги направи со намера Instagram да остане релевантен со сѐ погустата индустрија на социјални мрежи. Во изминатите неколку години TikTok на кинеската компанија ByteDance се појави на сцената со своите видео-записи фокусирани на популарни теми. На TikTok клиповите алгоритмички им се праќаат на луѓето кои се заинтересирани за одредена тема, а не само на оние кои го следат создавачот на објавите.

За Meta е важно нејзините социјални платформи да ги привлекуваат корисниците да се враќаат назад и да поминуваат време на Facebook и Instagram. Компанијата поголемиот дел од своите приходи ги остварува од рекламите поставени на тие платформи. Во последно време се троши помалку пари на дигиталните огласи среде неизвесните економски прилики, така што ја оставаат Meta и нејзините ривали да се борат за помалку долари.

Instagram бвеше купен во 2012 година, по што изгради бизнис за огласување, што стана главниот двигател на приходите за Meta. WhatsApp беше купен во 2014 и сѐ уште е во доработка.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Интернет

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Read more
 

Гик

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе