Истражување на Левица: Дури 80% од подрачните канцеларии на ДИК не работат

По континуирани поплаки од страна на граѓани дека подрачните канцеларии на ДИК во тек на работни денови од 8:30 до 16:30 не се отворени и дека телефонските броеви кои што се објавени на страната на ДИК за контакт со граѓаните или се исклучени или никој не се јавува, Левица како најтранспарентна партија се одлучи да ги провери дојавите од граѓаните и дојде до следните алармантни констатации, соопшти Левица.

„По извршената телефонска проверка во текот на изминатите денови од страна на членови на политичата партија Левица се исконтактирааа сите 34 подрачни канцеларии на ДИК од 14 до 15 часот, од кои само 7 подрачни канцеларии одговорија на повикот. Тоа се ПК во Центар, Гази баба, Гевгелија, Валандово, Кичево, Берово и Охрид.

Во сите останати подрачни канцеларии на ДИК во: Македонски Брод, Кочани, Виница, Делчево, Струга, Радовиш, Велес, Кавадарци, Неготино, Штип, Пробиштип, Свети Николе, Битола, Ресен, Демир Хисар, Гостивар, Куманово, Крива Паланка, Кратово, Прилеп, Крушево, Тетово, Карпош, Чаир и Кисела Вода телефонските броеви или се недостапни, исклучени или никој не се јавува и тоа по неколку обиди на телефонско јавување“, информкира Левица за своето истражување.

„Јавно го прашуваме претседателот на ДИК, Александар Даштевски:

- Дали работат подрачните канцеларии кои се напоменати? И ако ДА, тогаш кои денови и кога им е работното време?
- Дали е точна информацијата дека секоја подрачна канцеларија брои 2-3 вработени? Ако е така, дали над 50 вработени во ДИК не одат на работа и само ги цицаат народните пари?“, прашуваат од Левица.

Тагови
реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Македонија

Османи за 55-годишнината на МНР зборуваше само за она што било направено во изминатите четири

Read more

Меџити: Ахмети побара спас кај Ромите, Турците, Бошњаците, сега чиста албанска опција за новата влада е само ВРЕДИ

Read more

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Read more

Граната од Првата светка војна најдена најдена во близина на кампот за мигранти во Гевгелија

Read more
 

Вести

Османи за 55-годишнината на МНР зборуваше само за она што било направено во изминатите четири

Читај повеќе

По осми пат ќе се одржи Today It's All About Jazz во Скопје

Читај повеќе

Повик за учество на млади поети на „Отскочна даска #3“ во рамките на 4. Скопски поетски фестивал

Читај повеќе

Зошто ЕУ сè уште купува руски гас?

Читај повеќе

Меџити: Ахмети побара спас кај Ромите, Турците, Бошњаците, сега чиста албанска опција за новата влада е само ВРЕДИ

Читај повеќе

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Читај повеќе

Путин ги откажа парадите на 9 мај: Стравот од украински напад е посилен од традицијата

Читај повеќе

Остар пад на доларот

Читај повеќе

Велигденски концерт на НУ Охридско лето со женскиот хор Менада

Читај повеќе