Италија има нов селектор, прва станица - Македонија

Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) и Лучано Спалети постигнаа договор тој да го наследи Роберто Манчини на местото селектор на „Аѕурите“, објавија во петокот италијанските медиуми.

Како што пишува La Gazzetta dello sport, Спалети, првиот избор на ФИГЦ, ќе потпише тригодишен договор, до септември 2026 година.

La Gazzetta dello sport додава дека Спалети по неколку телефонски разговори му дал согласност на претседателот на ФИГЦ, Габриеле Гравина, со кого денеска ќе се сретне за да го финализира договорот.

По назначувањето, кое би можело да биде официјализирано во сабота, Спалети треба да ја одржи првата прес-конференција како селектор во понеделник, пренесува спортскиот весник.

По освојувањето на титулата во италијанската лига со Наполи во мај, 64-годишниот Спалети го напушти клубот. Сега ја презема репрезентацијата која и покрај европската титула во 2021 година не успеа да се пласира на Светското првенство 2022 во Катар.

Тој ќе има само неколку дена да се подготви за два клучни натпревари за „Аѕурите“ доколку сакаат да се пласираат на ЕУРО 2024, прво во Македонија на 9 септември и против Украина во Милано три дена подоцна.

Преговорите со Спалети беа комплицирани поради постоењето на клаузула во неговиот договор која се уште го обврзува со Наполи, до јуни 2024 година, а според која клубот треба да наплати отштета од 3 милиони евра доколку тој ја прифати новата функција.

Претседателот и сопственик на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, го предупреди ФИГЦ дека нема да се откаже од оваа такса, која се намалува за 250.000 евра секој месец.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе