ОХРИДСКО ЛЕТО 2020

Италијанските уметници маестро Масимо Мерчели на флејта и Лоренцо Бавај на пијано вечер на „Охридско лето“

Програмата на 60-тото јубилејно издание на „Охридско лето“ за вечер го нуди концертот на италијанското дуо Масимо Мерчели на флејта и Лоренцо Бавај на пијано.

Масимо Мерчели е еден од ретките флејтисти во светот кому му се посветени бројни дела од некои од најпознатите композитори на денешнината како: Пендерецки, Губајдулина, Глас, Ниман, Бакалов, Мориконе, Галијано, Солима кои покрај тоа што пишувале за него, често и настапувале покрај него на концертните сцени. На само 19 години, Мерчели е назначен за прв флејтист на театарот „Ла Фениче“ во Венеција, а победник е на неколку значајни меѓународни натпревари за флејтисти во Италија.

Како солист настапувал во некои од најпрестижните концертни сали во светот како: „Карнеги Хол“, салата на Минхенската филхармонија, салите во Берлин, Пекинг, Буенос Аирес, Амстердам, Мадрид, Женева, Лондон, Рим, Санкт Петербург, Москва и многу други, под диригентските палки на: Валериј Гергиев, Кжиштов Пендерецки, Филип Глас, Мајкл Ниман, Масимо Куарта, Енио Мориконе и др. Настапувал со оркестри како Берлинската филхармонија, во големата сала на Московскиот конзерваториум со Гидон Кремер и Јури Башмет, а неколку пати бил на турнеја со ансамблот „Италијански виртуози“, под диригентската палка на Пендерецки изведувајќи ја неговата Синфониета за флејта и гудачки оркестар. Неодамна остварува настап во Лондонскиот „Вигмор Хол“ и на Академијата „Моцартеум“ во Салцбург, одржува мајсторски курс во Фондацијата „Ростропович“ и премиерно го изведува делото „Фасади“ од Филип Глас во придружба на самиот композитор на пијано. Во 2012 година Orange Mountain Music го издава ЦД-то со наслов „Мерчели го свири Филип Глас“ кое содржи музика за флејта од овој композитор.

Мерчели е член на жири комисии на меѓународни натпревари за флејта во Париз, Њујорк, Женева и Пекинг, а често одржува мајсторски курсеви на најпознатите музички академии во светот.

Лоренцо Бавај започнува да студира пијано на Конзерваториумот „Џоакино Росини“ во Пезаро и на 18-годишна возраст дипломира со највисоки оценки. Продолжува да студира со Станислав Нојхаус на Виенскиот конзерваториум и со Татјана Николаева на Академијата „Моцартеум“. Студира музичка теорија на Универзитетот во Болоња, а оргули, композиција и диригирање во Пезаро. Кариерата како концертен пијанист ја започнува по победите на неколку интернационални натпревари по што настапува во родната Италија, но и во Русија, Полска, Германија, Норвешка, Шведска, Бугарија, Шпанија и Шкотска. Соработува со истакнати уметници како Лео Нучи и Монсерат Кабале, а од 1989 година е редовен концертен партнер на големиот светски тенор Хосе Карерас. Со него настапува на сите континенти, во оперските куќи во Лондон, Париз, во „Ла Скала“ во Милано, во Римската опера како и во бројни концертни сали ширум Европа и Азија. Лоренцо Бавај е уметнички директор на неколку италијански фондации и асоцијации, професор е на академијата во Пезаро и често одржува мајсторски курсеви во Италија и Јапонија.

На програмата на концертот во „Света Софија“ се дела на Бах, Доницети, Пуланк, Доплер, Ниман, Вилијамс, Пјацола. Почетокот на концертот е од 21 часот.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Култура

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Read more

Богата програма за четвртото издание на Скопски поетски фестивал

Read more

Прогласен лауреатот на наградата Антево слово 2024 година

Read more

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе