ИТФ М15 СКОПЈЕ 2022

Ивановски и Мицов на чекор од финалето во двојки на ИТФ турнирот во Скопје

Мкаедонската Дејвис куп двојка Калин Ивановски и Стефан Мицов се пласираа во полуфиналето, додека со денешните порази на Берк Бугариќ и Обрад Марковски во 2. коло нема веќе преостанати македонски тенисери на ИТФ турнирот за сингл што се одржува во Скопје.

Калин Ивановски, фото: МТФ

Од по двачасовна игра во 1. коло со 2:0 го елиминираше Илја Снитари од Молдавија, денеска Бугариќ со истиот резултат потклекна пред првиот носител на турнирот Орланду Луз, губејќи ги двата сета со високи 6:1. Бразилецот во 1. коло го исфрли нашиот најмлад натпреварувач, 18-годишниот Калин Ивановски кој пружи добар отпор губејќи со 7:6 и 6:3.

Марковски место во втората рунда обезбеди откако Брендон Вокин од Австралија го предаде натпреварот при резултат 6:0 и 2:0 во вториот сет, но денеска загуби од Тунижанецот Моез Ешарги со 2:0 (6:3 и 6:2)

Претходно, турнирот го завршија и Стефан Мицов и Горазд Србљак кои забележаа порази во соочувањата со Словакот Лукас Палович и Уругваецот Франко Ронкадели.

Турнирот го продолжува и нашата Дејвис куп двојка Калин Ивановски и Стефан Мицов кои стигнаа до полуфиналето откако во денешното четвртфинале австралиската двојка Метју Ромиос и Брендон Вокин го предаде натпреварот при водство на нашите од 4:1 во првиот сет. Македонците за пласман во финалето утре ќе се борат против романско-молдавската двојка Стефан Палоси и Илја Снитари.

Во 1. коло Ивановски и Мицов со 2:1 ги елиминираа Николас Бруна од Чиле и Франко Ронкадели од Уругвај.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Тенис

Informer: Ѓоковиќ тајно примен на Ургентен во Белград

Read more

Невролог ја анализира бизарната повреда на Ѓоковиќ: Колку ќе му се одрази на играта?

Read more

Ѓоковиќ би можел да се збогува со тенисот по Олимпијадата

Read more

Ѓоковиќ го боли ударот од шишето: По дебаклот во Рим најави дополнителни прегледи

Read more
 

Спорт

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе