Израелците тврдат дека го убиле командантот на Хамас кој го организирал нападот на 7 октомври

Израелската војска соопшти дека убила висок командант на Хамас, еден од главните команданти на милитантната организација, кој помогнал во планирањето на нападот врз Израел на 7 октомври.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека воени авиони го нападнале Шади Баруд, заменик-шефот на разузнавачката служба на Хамас, врз основа на „прецизни разузнавачки информации“, пренесува BBC.

Објавувајќи видео од воздушниот напад во кој наводно е убиен Баруд, ИДФ рече дека Баруд „ги планирал нападите на 7 октомври заедно со Јахја Синвар“ - шефот на Хамас во Појасот Газа.

Како што понатаму јавува BBC, тие во моментов не можат да ги потврдат изјавите на израелската армија. Исто така, Хамас сѐ уште не се изјаснил по ова прашање и тврдењата на израелската армија.

Инаку, нападите на Израел врз Појасот Газа продолжија и во ноќта зад нас. Како што јави Al Jazeera, а според последните информации, неколку лица загинаа и се повредени во вториот израелски воздушен напад во кој беше уништена џамија, пренесува палестинската новинска агенција WAFA.

Во извештајот се вели дека повеќекратни напади во петокот в зори погодиле област во бегалскиот камп Ал Шати, западно од градот Газа, уништувајќи станбени згради и блиската Бела џамија.

Засега не се знае точниот број на жртви.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе