Изречени 215 казни за возење под дејство на алкохол на територијата на цела држава

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашните засилени акциски контроли, во периодот од 22:00 до 4:00 часот, на територијата на Републиката изрече 215 казни за возачи кои управувувале возила под дејство на алкохол.

Од нив, како што информираат од МВР, 65 се на територија на СВР Битола, 42 на територија на СВР Скопје, 27 на територија на СВР Охрид…

Скопје

А, пак, во текот на вчерашните засилени акциски контроли на територија на град Скопје изречени се вкупно 202 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 90 санкции, 42 мерки за возење под дејство на алкохол, 12 мерки за возење без возачка дозвола, а 6 за возач почетник.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот“, апелира МВР.

Куманово

„Полицијата казни 45 возачи во Куманово заради непочитување на сообраќајните правила и прописи“, соопшти денеска СВР Куманово. 18 возачи се санкционирани за возење под дејство на алкохол, 27 поради возење со поголема брзина.

Синоќа од 22:00 до 4:00 на територија на СВР Куманово спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол, при што санкционирани се 18 возачи, од кои 16 во Куманово и 2 во Крива Паланка.

На територија на Куманово вчера спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 27 возачи.

реклама

Хроника

Возило падна во провалија длабока 200 метри на Галичица, две лица загинаа

Read more

Дете искасано од улично куче во Долно Лисиче

Read more

Возач на Audi побегнал откако удрил во велосипедист и тешко го повредил

Read more

Во Скопје се вози и без возачка дозвола, МВР за еден ден напиша 132 казни

Read more
 

Вести

Платформата за родова еднаквост за двојното убиство во Кратово: Станува збор за самоодбрана

Читај повеќе

Од четврток почнува електронското пријавување за упис во средно образование

Читај повеќе

НАТО ѝ се закани на Кина

Читај повеќе

Доларот ослабе, цената на нафтата падна

Читај повеќе

Сончево и топло со температури до 38°C

Читај повеќе

Почесна „Златна рамка“ за Тони Михајловски, Владимир Анастасов и Марина Колоска

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,3 степени во Бугарија

Читај повеќе

Дали Украина ќе го принуди Путин на примирје?

Читај повеќе

Возило падна во провалија длабока 200 метри на Галичица, две лица загинаа

Читај повеќе