Извлечена жрепката за клупскиот Мундијал на ФИФА

Во фудбалската академија „Мохамед VI“ во градот Сале денеска се одржа жрепката за Светското клупско првенство, кое од 1 до 11 февруари ќе се одигра во Мароко.

На Светското клупско првенство во организација на ФИФА ќе настапат 7 екипи, победници на најсилните континентални натпреварувања (Реал Мадрид, Фламенгу, Видад, Сиетл Саундерс, Оукленд Сити), африканскиот вицешампион Ал Ахли и претставникот од Азија (Ал Хилал). 

Клупскиот Мундијал ќе биде отворен со дуелот меѓу Ал Ахли (Египет) и Оукленд Сити (Нов Зеланд), а победникот во четвртфиналето ќе игра против првакот на КОНКАКАФ, Сиетл Саундерс (САД), додека подобриот од таа пресметка во полуфиналето го чека европскиот шампион Реал Мадрид (Шпанија).

Во вториот дел од жрепката е јужноамериканскиот шампион Фламенгу (Бразил), кој во полуфиналето ќе игра против победникот од дуелот меѓу домашниот Видад (Мароко) и Ал Хилал (Саудиска Арабија).

Финалето и натпреварот за третото место се на програмата на 11 февруари.

Сите натпреварите ќе се играат во мароканските градови Рабат и Танжер.

Бидејќи сезоната во азиската Лига на шампиони се пролонгира и допрва ќе заврши, Азиската фудбалска конфедерација на овој Мундијал не ја претставува шампионот за изминатата сезона, туку АФЦ го номинираше претходниот освојувач Ал Хилал.

Титулата лани ја освои Челси, совладувајќи го во финалето бразилски Палмејрас.

Најмногу светски клупски титули има Реал - 7, по што следуваат Милан и Баерн со по 4.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе