Скопје, 22 август 2020 (МИА) – Јетон Шаќири е предлогот на ДУИ за министер за информатичко општество и администрација. Информацијата за МИА ја потврдија од ДУИ.
Шаќири е професор на Меѓународниот универзитет во Струга.
Рокот за поднесување на предлогот за избор на нова Влада истекува на 2 септември. По вчерашниот избор на Талат Џафери за претседател на Собранието, се очекува во наредните денови да биде закажана седница за избор на новата влада.