ПО ОДЛИЧНАТА СЕЗОНА

Јокиќ, Кари и Ембиид – кој ќе биде МВП?

НБА лигата ги објави имињата на финалистите за годинашната награда за најкорисен играч (МВП).

Центарот на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ, центарот на Филаделфија 76ерс, Жоел Ембиид и плејмејкерот на Голден Стејт Вориорс, Стеф Кари, влегоа во потесниот избор за наградата МВП.

Доколку Јокиќ и Ембиид ја добијат наградата, тоа ќе биде првпат таа да заврши во рацете на центар по Шекил О'Нил во 2000 година.

Од друга страна, ако го победи Кари, тој ќе стане еден од деветте играчи во историјата на НБА лигата, кој ќе освои најмалку три МВП награди, врзувајќи го за Меџик Џонсон, Лери Брд и Моузес Мелоун.

Јокиќ имаше една од најдобрите напаѓачки сезони во историјата на НБА лигата со просек од 26,4 поени, 10,8 скока и 8,3 асистенции по натпревар со вкупен процент на удари од 56,6 проценти, или 38,8 проценти за три поени и 86,8 проценти надвор од линија за слободни фрлања. Тој е голем фаворит за наградата МВП.

Ембиид ја одигра најдобрата сезона во својата кариера со просек од 28,5 поени, 10,6 скока, 2,8 асистенции и 1,4 блокада по натпревар за Филаделфија и го предводеше својот тим до најдобриот резултат во Источната конференција.

Триесет и тригодишниот Кари стана најстариот играч што ја предводи лигата по бројот на освоени поени од Мајкл Џордан. Неговиот просек по натпревар е 32 поени.

URL
реклама

Кошарка

Дончиќ ќе ја предводи Словенија на Евробаскетот

Read more

Прв пат дури 7 тима учествуваа во трејд, некои поминаа многу добро

Read more

Јокиќ заработува милиони, но ништо не го радува како коњите

Read more

Леброн и Дончиќ добија засилување за напад на титулата: Одличниот центар потпиша за Лејкерс

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Падна клетвата, Новак победи пред Роџер: Конечно победив додека Федерер ме гледаше

Читај повеќе

Дончиќ ќе ја предводи Словенија на Евробаскетот

Читај повеќе

Сабаленка погласна од моторна пила, официјално најгласна тенисерка во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ракитиќ со емотивно видео потврди дека ја завршува кариерата

Читај повеќе

Синот на Анчелоти станува тренер на актуелниот шампион на Бразил и на Јужна Америка

Читај повеќе

Прв пат дури 7 тима учествуваа во трејд, некои поминаа многу добро

Читај повеќе

Донарума е во шок: Оди на психолог откако ненамерно му ја скрши ногата на Мусиала

Читај повеќе

L'Équipe: Меси во нов клуб до крајот на годинава

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ заработува милиони, но ништо не го радува како коњите

Читај повеќе