Јутјубер бил во подморницата непосредно пред трагедијата, покажа како изгледа внатрешноста

Познат јутјубер под корисничкото име Scuba Jake на социјалните мрежи ја објави својата снимка од подморницата „Titan“ на OceanGate, на која се нашол годинава, неколку недели пред трагедијата во која животот го загубија пет лица.

Неговата експедиција на крајот беше откажана поради неочекувани проблеми. Трагедијата во која што подморницата имплодираше со пет патници била „Mission V“, а јутјуберот бил дел од „Mission III“.

На видеото, меѓу другото, можете да видите како изгледа процесот на влегување во подморницата, нејзиното затворање однадвор со 17 завртки и нурнувањето.

„Ако експедицијата не беше откажана, можев да бидам во таа подморница“, вели Јутјуберот кој поминал девет дена на бродот OceanGate. Тој го покажа и процесот на мерење пред да влезе во подморницата.

Носев неколку чокобисквити, два сендвича и камера за да можам сето тоа да го снимам“, објасни тој. На видеото се гледа и Стоктон Раш, извршен директор на OceanGate кој загина во подморницата. Во една сцена, Стоктон го покажува и контролорот што управувал со подморницата. Исто така, на видеото се слуша Раш како вели дека го откажува нуркањето затоа што „нешто не е во ред со мозокот на подморницата“, односно со системот за контрола.

„Ова е потсетник дека животот е многу драгоцен и дека може да исчезне за секунда. Ако времето беше убаво, ако Стоктон ме прашаше дали сакам место во таа подморница, ќе отидев повторно. Можев да бидам со нив таму долу. Благодарен сум што денес сум тука, но луѓето во експедицијата беа прекрасни и јас сум им многу благодарен за целото искуство“, изјави јутјуберот на крајот од видеото, кое шокираше многумина.

Remote video URL

„Лудило е како од прва рака си видел дека има повеќе проблеми со подморницата и дека сепак си спремен да отидеш долу“, „Храбар си што воопшто си влегол во тоа нешто“. „Ме прави лут додека го гледам како зборува. Со овие видови на проекти, ако имате какви било проблеми со функционалноста, сменете го дизајнот, а не да го поправате постоечкиот“. „Се чини дека им недостигаше системски вишок и прескокнаа многу клучни тестирања. Штета што луѓето ги загубија животите“, напишаа гледачите.

„Тврдам дека подморницата би експлодирала доколку сте нурнале во 'Mission III' на 'Титаник'. Во твоето видео, секој со знаење и искуство може да ја види целата катастрофа што следи токму за време на секвенцата пред нурнувањето. Веднаш контактирај со НТСБ и дај им го оригиналното видео за истрага. Исто така, треба да му се заблагодариш на Бога што ти го поштедил животот“, напиша еден гледач кој се претставил како пензиониран офицер на американската морнарица.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе