Каде исчезна Шојгу?

За време на видео-конференцијата на рускиот Совет за безбедност, за време на која претседателот Владимир Путин рече дека ќе биде воведена воена состојба во четирите региони на Украина, анектирани од Москва, екранот на министерот за одбрана Сергеј Шојгу не беше достапен.

Кремљ објави дека Шојгу бил присутен, но некои побрзаа да истакнат дека Шојгу не можеше да се види со останатите присутни додека зборуваше Путин.

Макс Седон, шеф на московското биро на Financial Times, изјави дека може да се забележат генералот Валериј Герасимов и директорот на Националната гарда Виктор Золотов, кои не се постојани членови на Советот, додека Шојгу, кој е постојан член, го немало.

Поради ова повторно почнаа шпекулациите за иднината на сојузникот на Путин и министер за одбрана Шојгу, особено што во моментов тој се соочува со низа критики поради текот на војната во Украина.

Путин ја искористи средбата за да прогласи воена состојба во анектираните региони.

„Во оваа смисла, дозволете ми да ве потсетам дека во Народна Република Донецк, Народна Република Луганск, како и во регионите Херсон и Запорожје, воената состојба беше на сила пред да се приклучи кон Русија“, рече Путин за време на телевизиското обраќање.

Шојгу не можеше да се види на состанокот, а во исто време расте критиката против него поради низата успешни украински контраофанзиви во обид да си ја врати територијата, пишува Newsweek.

Кирил Стремусов, лидерот на окупираниот Херсон назначен од Кремљ, на 6 октомври рече дека „неспособните воени лидери“ се виновни за повлекувањето на трупите на Путин во регионот.

Стремусов тврдеше дека многумина рекле дека Шојгу, најдолготрајниот министер во руската влада, треба да биде стрелан затоа што потфрлил за време на војната.

Стремусов рече и дека руското Министерство за одбрана го сочинуваат „министри, просечни и корумпирани генерали и разбојници“.

Британските разузнавачи, исто така, претходно проценија дека Путин редовно го исмева Шојгу, додека други велат дека министерот може да биде жртвено јагне за воените неуспеси на Русија.

Во 2012 година, Путин го избра Шојгу за министер за одбрана, и покрај тоа што немаше воено или борбено искуство. Тој ја надгледуваше руската анексија на Крим во 2014 година.

Неодамнешните извештаи, исто така, сугерираат дека Шојгу е маргинализиран во руското раководство и дека оперативните команданти директно го информираат Путин за напредокот на војната.

Неодамна, Владимир Соловјов, еден од главните пропагандисти на Кремљ, изјави на руската државна телевизија дека префрлањето на Шојгу „на друго работно место“ може да ги реши неодамнешните пропусти на Министерството за одбрана.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе