Како без рускиот гас? Ова е планот на ЕУ за следната зима

Лидерите на ЕУ ќе се договорат на самитот оваа недела за заеднички набавки на гас, течен природен гас (LNG) и водород пред следната зима, објави денеска Reuters по увидот во нацрт-завршната изјава.

„Во пресрет на следната зима, земјите-членки и Европската комисија итно ќе ги здружат напорите за купување гас, LNG и водород заедно“, се вели во нацрт-изјавата на европските лидери.

Водородот е гас со практично нула емисија на CO2 и влијание врз климатските промени.

Поради руската инвазија на Украина, најголемиот снабдувач на гас во Европа, цените на енергијата скокнаа на рекордно високо ниво, а ЕУ не може да се потпре на рускиот гас оваа година и затоа ќе мора да се сврти кон увоз од Катар и од САД.

Русија обезбедува 40 отсто од вкупното количество гас што ѝ е потребно на Европската Унија.

Европската комисија ќе им помогне на членките да купуваат гас заедно оваа година, а оваа недела се очекува да предложи правила со кои членките ќе бараат да полнат 90 отсто од нивните резервоари за гас пред секоја зима.

Снабдувањето со гас во ЕУ сега е со капацитет од 26 отсто.

На самитот на 24 и 25 март, лидерите ќе разговараат и за мерките за заштита на потрошувачите од високите цени на енергијата и како да се „оптимизира“ функционирањето на енергетските пазари.

Според нацрт-изјавата, од ЕК ќе се побара да преземе „неопходни иницијативи“ за тоа.

Сепак, изнаоѓањето заедничка стратегија на ЕУ се покажува како многу тешко бидејќи членките се во голема мера одговорни за нивните национални стратегии и не се согласуваат за „скротување“ на цените на енергијата.

Шпанија, Белгија, Португалија, Италија и Грција бараат интервенција на европските енергетски пазари и облекување на ценовната граница, на што се противат Германија, Холандија и Данска.

реклама

Запленети околу 1,5 милиони евра во истрагата за корупција во Европарламентот

Read more

Браќата Александар и Бил Скарсгард се натпреваруваат за улогата на Лекс Лутор во новиот Superman

Read more
Кога не може да игра фудбал, Сон реши да отслужи војска

Кога не може да игра фудбал, Сон реши да отслужи војска

Read more

Taste Atlas објави листа на најдобрите сирења во светот

Read more

Бизнис

Европските и американските берзански индекси се претежно во пораст, цената на нафтата и златото падна

Read more

Рекорден пад на цените на нафтата

Read more

Зголемени капацитетите на енергија од ветер и сонце во ЕУ

Read more

Профитот на авиокомпаниите во 2023 година ги надмина предпандемиските нивоа

Read more
 

Вести

Само условно осудени седумте лица кои упаднаа во М-НАВ

Читај повеќе

Мајка на ученик претепа професорка по биологија во Белград

Читај повеќе

Во Германија запленет кокаин вреден една милијарда евра

Читај повеќе

Двојно убиство во Кратово: 36-годишна жена ги уби сопругот и свекорот

Читај повеќе
  • filter

Диво месо на Албанскиот театар, штипската Лекција и Натчовек на Драмски театар од Варна на претпоследниот ден на фестивалот

Читај повеќе

Изведба на танцовиот дует LOUNGE на Марга Алфејрау, Мириам Лукас и Мириана Бененге на Викендот на гордоста

Читај повеќе

Со прогласување на наградените и проекција на Златната треска на Чарли Чаплин се затвора 14. Филозофски филмски фестивал

Читај повеќе

Советот на ЕУ поддржа формирање база на таленти: Ќе се олесни вработувањето лица од трети земји

Читај повеќе

Цената на мазутот се зголемува, бензините и дизелот остануваат непроменети

Читај повеќе