Како да бидете добра сопруга според прирачник од 1955 година?

Во 50-тите години на минатиот век жените кои сакале да бидат добри домаќинки и сопруги имале можност да со купат прирачник со совети како да го задоволат својот сопруг.

Правилата и советите главно се движат околу тоа дека треба да правите сѐ што можете (а да научите што не можете) за да може сопругот да ужива во својот дом, невознемирен од други обврски освен работата што носи јадење на маса.

Денес жените се еманципирани, самостојни и независни. Голем дел имаат кариера, а слободното време не го посветуваат само на среќата и задоволството на сопругот и/или децата.

Да се биде домаќинка денес и пред 70 години не е исто, но некои работи се чини не се менуваат, барем не кај нас.

Ова се само неколку од 18-те точки од прирачникот, па вие проценете кои совети може да се применат и денес:

Ручекот мора да биде готов на време. Планирајте од напред, ако треба и ден претходно за да има вкусен ручек на маса кога мажот ќе се врати од работа. Гответе ги неговите омилени јадења Така ќе му ставите до знаење дека цел ден сте мислеле на него, но и дека се грижите за неговите потреби.

Средете се. Одморете се 15-тина минути пред да се врати домаќинот дома, за да го пречекате свежа и одморена. Поправете ја шминката, ставете панделка во косата, сменете ја облеката во која сте готвеле и работеле цел ден и пречекајте го средена и насмеана.

Не го дочекувајте со негодување и проблеми. Денот му бил тежок и напорен, ваша обврска е да го расположите и да го пречекате со уреден дом, подготвено јадење и насмевка на лицето.

На сопругот му треба мир и тишина. Кога ќе се врати дома, нека го дочека смирена атмосфера. Обврските како перење, чистење со правосмукалка или друга бучава распоредете ги во друг дел од денот, не кога тој треба да одмара после работа.

Можеби имате нешто важно да му кажете, но откако ќе се врати од работа не е време за тоа. Оставете го да зборува, сепак, неговите проблеми се поважни од вашите.

Не му приговарајте ако си дојде подоцна или замине на вечера или некое друго забавно место без вас. Ваша обврска е нему да му биде удобно и пријатно кога ќе се врати дома.

Нека се одмори во дневната или спалната соба. Подгответе му пијалак или кафе, како сака тој-така. Наместете му перниче и понудете му да му ги собуете чевлите. Зборувајте му со тивок, спокоен и нежен глас.

Не поставувајте прашања за неговите постапки и не се сомневајте во неговиот интегритет. Запамтете, тој е главен во домот и не треба да ги преиспитувате неговите одлуки.

Добрата сопруга секогаш знае каде ѝ е местото.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе