Како да бидете фит без да се препотувате од вежбање?

А.С.
/ 16.06.2022 / 11:57

Дали би сакале да бидете фит без да вежбате? Дали сте од оние кои не ги сакаат теретаните, ниту сакаат да ги издвојат саботните утра за трчање или планинарење?

Има решение и за вас, со промена на одредени животни навики и рутини, можно е да бидете и да останете во форма, без да вежбате.

Бидете сигурни дека нема да може да сметате на истите резултати што би ги постигнале ако истовремено и вежбате, но сепак е можно да се биде фит без напорно вежбање.

За почеток, вашата секојдневна рутина треба да стане физички поактивна, да изберете хоби за кои е потребно повеќе движење и да внимавате повеќе на видот на храната што ја внесувате, како и на количината.

Да почнеме од вашата секојдневна рутина – ако живеете во зграда, користете ги скалите наместо лифтот, ако одтите физички на работа пешачете или возете велосипед или во најмала рака пешачете до најблиската автобуска станица и користете јавен превоз. Само да не седнувате зад волан и да се возите до секоја дестинација.

Промената на дневната рутина на овој начин внесува промена од седечкиот начин на живот, па ако целиот ден го поминувате на работа седејќи на компјутер, слободното време треба да го искористите за прошетка или хоби што би ве натерало да се движите.

Еден добар пример за такво хоби е градинарството. За уредување на градината е потребно поголемо движење, како и многу клекнување и исправање. Добра опција е и прошетка со кучиња или дружење со деца во паркот, што се две дополнителни активности за кои е потребна малку поголема потрошувачка на калории.

Следно, доаѓаме до вториот, но подеднакво важен дел, а тоа е вашата исхрана. Без сериозен пристап кон овој аспект од вашиот живот, практично е невозможно дури и со вежбање да се надополни прекумерниот внес на калории или внесувањето на несоодветна храна што се претвора во масни наслаги. Првенствено, вашата исхрана треба да содржи широк спектар на различни овошја и зеленчуци. Овошјето и зеленчукот се првенствено здрава храна и обезбедуваат внесување на добри хранливи материи во организмот, плус овие намирници даваат помалку калории со чувство на ситост и не создаваат потреба за дополнителен внес на храна во организмот. Понатаму, треба да се обрне внимание на изворите на храна од кои консумираме јаглехидрати и на количината на јаглехидрати што ги консумирате. За да останете во форма, внесот на јаглехидрати и нивниот однос во вкупната исхрана не треба да надминува 30%. А, храната од која внесуваме јаглехидрати, покрај претходно споменатиот зеленчук кој содржи високо хранливи јаглехидрати, се тестенини или леб направени од интегрално брашно.

Следно доаѓаме до другите две хранливи состојки кои ја сочинуваат нашата исхрана, а тоа се протеини и масти. Дефинитивно треба да го зголемите внесот на протеини, така што мешунките може да се комбинираат со зголемен внес на протеини од, на пример, пилешки гради, кои се идеален избор на чист протеин. Што се однесува до озлогласените масти, без кои нема здрава исхрана, во овој план на исхрана дефинитивно треба да избегнувате заситени масти и да се фокусирате на здравите опции. Изворот на здрави масни киселини доаѓа од рибите, што се исто така одличен извор на протеини, а важно е да додадете масни киселини кои доаѓаат од јаткасти плодови, кои се добра замена за нездравите грицки.

За да ја завршите приказната за улогата на исхраната за одржување добра форма без вежбање, обрнете внимание на големината на оброкот и обидете се почесто да јадете помали порции што го забрзува метаболизмот и помага во вашата цел. Можете и да го измерите внесот на калории во текот на денот и да го споредите со предвидената потрошувачка на калории во текот на денот.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Фит

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Read more

Каде најчесто грешиме со јадењето протеини?

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе