Како да ја заштитите косата во лето?

Покрај заштитата на кожата од сонце во лето, и косата треба да добие дополнителна нега и заштита од сончевите зраци и морската вода. Покрај козметичките производи достапни во дрогериите, имајте ги предвид и класичните масла, како и домашните рецепти за нега.

 

По капењето во морска вода мора да ја измиете косата со слатка вода бидејќи солта ја суши косата. Ако не ја измиете косата веднаш по пливање и ја исушите на сонце, веднаш ќе ви испукаат врвовите.

По шампонирањето нахранете ја косата со богата и квалитетна маска, а ако имате подолга коса, ставете и ампула наменета за оштетена коса, на пример со арганово масло. На плажа носете шешир или марама за коса за дополнителна заштита на косата.

Можеби ви звучи дека е ова е многу време за дополнителни активности, но неколку минути ќе значат многу за вашата коса.

Домашен рецепт што може да го користите за нега на косата во лето е следниот шампон со масла. Имајте го предвид вашиот тип на коса кога ја правите мешавината. Ако имате тенка коса ќе ви треба само ¼ кокосово масло, а оние со погуста или посува коса може да го зголемат соодносот или да додадат и масло од авокадо или семка од кајсија.

Потребни состојки:

1 шолја течен природен сапун од маслиново масло (побарајте го во аптека)

1/3 шолја кокосово млеко од конзерва

1/3 шолја кокосово масло

50-60 капки од вашето омилено есенцијално масло за убав мирис на шампонот (лаванда, портокал, пеперминт, лимонова трева).

Стопете ги кокосовото масло и млеко заедно на тивок оган за да не ги оштетите главните состојки. Истурете ја течноста во шише со капаче, заедно со течниот природен сапун од маслиново масло и добро протресете го. На крај додадете го есенцијалното масло во капки и повторно промешајте. Имајте предвид дека шампонот нема да биде густ како вообичаените шампони.

реклама

Стил

Бидете дама на плажа во ретро костим за капење

Бидете дама на плажа во ретро костим за капење

Read more

Џеј Ло позираше гола за нејзиниот 53 роденден

Read more

Marca: Роналдо правел третман за зголемување на пенисот

Read more

Пејџ Спиранац прогласена за најсекси жена во светот

Read more
 

Магазин

  • filter

Босна има мал излез на море, но и една прекрасна плажа

Читај повеќе
  • play_arrow

Со формула по чешки автопат се тркал до Германија

Читај повеќе

Шест места во кујната каде се кријат најмногу бактерии

Читај повеќе

Како да комуницирате со арогантни луѓе?

Читај повеќе

Тест со лимон може да докаже дали сте интроверт или екстроверт

Читај повеќе

Кои мажи најдолго издржуваат во кревет?

Читај повеќе

Време е да го оставите телефонот и да се посветите на детето

Читај повеќе

Што може да се случи ако целосно престанете да јадете јајца?

Читај повеќе
  • play_arrow

Моментот кога канадски политичар проголта пчела во текот на говор

Читај повеќе