Како еден глушец уништи 9-милионски проект

Мултимилионскиот потфат за истребување на глувци од јужноатлантскиот остров Гаф, со цел заштита на морските птици, тотално потфрли, ставајќи ги во очај протагонистите за конзервација на островот.

Зафрлениот и ненаселен остров, порано познат како остров Гонсалу Алвареш, прогласен за светско наследство на УНЕСКО, долго време бил слободен од предатори и тоа по природен пат. Поради тоа служел како рај за милиони морски птици. Сето тоа нагло се променило откако глувци се населиле на островот некаде во 19 век, веројатно ненамерно донесени од морнари. Таквиот развој на настаните го претворил островот од рај во хорор за птицити бидејќи глувците се хранат со младенчињата, загрозувајќи го опстанокот на некои видови, вклучително и сега веќе загрозените видови како Тристан албатроси и МекГаливреј приони.

Ситуацијата која од ден на ден стануваше сѐ полоша и полоша резултираше со лансирање на огромен проект за комплицирана логистичка елиминација на глувците. Финансискиот трошок за овој мегапроект достигна 9,1 милиони долари, од кои 5 милиони биле добиени преку донации.

Изминатово лето населените птици беа внимателно пренесени од островот од страна на специјалисти, за хеликоптери да можат да истурат големи количества родентицид низ целиот остров, кој е со површина од 91 квадратен километар. Операцијата опишана како „една од најамбициозните програми за реставрација на остров некогаш воведена“, се сметаше за успешна, сѐ до овој вторник.

На 14 декември тимот за реставрација на островот Гаф извести дека „разочарувачки е да објавиме дека по операцијата за уништување на глувците годинава, веќе забележан е глушец преку опремата за мониторинг поставена на островот“.

Конзерваторите признаваат дека се „длабоко вознемирени од овие вести“ бидејќи отстранувањето на секој глушец од островот беше клучно за да се „спречи загуба на повеќе од два милиона морски птици младенчиња и јајца на годишно ниво“ и да се заштитат загрозените видови од истребување. Потенцираат дека и покрај тоа што досега само еден глушец е откриен, нивното искуство вели дека „малку е веројатно дека е само еден“.

Тимот за реставрација на островот Гаф и натаму продолжува да го надгледува островот и да врши проценки на ситуацијата.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

Откриен мистериозен подземен влез во близина на Големата пирамида

Читај повеќе

Готово е: Од денеска само X

Читај повеќе

Голема закана за YouTube: TikTok тестира видео од 60 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Grand Theft Auto 6 ќе пристигне во 2025 година

Читај повеќе
  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе