Без сомнение, Милан беше најдобриот тим во Европа во почетокот на 2000-тите, но изминатава деценија, од неговото последно Скудето во 2011 година, беше во стрмоглав пад.
Седумкратниот европски шампион седум години не успеа ни да се квалификува за Лигата на шампиони и нема освоено титула во Серија А од тој триумф во 2011, додека минатата сезона заврши на шесто место.
Сепак, оваа сезона, „росонерите“ се единствениот непоразен тим во петте најјаки лиги во Европа и имаат поголеми шанси да го освојат Скудето од Јувентус.
Во овој краток документарец на HITC Sevens се анализирани правилните потези на Милан од 2017 година наваму, влијанието на Златан Ибрахимовиќ и изгледите за иднината на клубот.