Како Volkswagen планира да ѝ ја земе круната на Tesla?

Германскиот гигант Volkswagen планира да обезбеди понуда на батерии и да ја прошири инфраструктурата за полнење електрични возила во Европа, како дел од засилените напори да ја престигне Tesla и да ја направи т.н. е-мобилност поевтина.

Вториот по големина производител на автомобили во светот, кој е среде силен пресврт кон автомобили „на струја“, денеска соопшти дека планира до 2030 година да лансира шест погони за производство на батерии во Европа, кои ќе ги гради сам или во соработка со некои партнери, објави Reuters.

„Е-мобилноста стана основна работа за нас. Сега систематски интегрираме дополнителни процеси во синџирот на вредности“, изјави извршниот директор на VW, Херберт Дис.

Планираните постројки ќе имаат производствен капацитет од 240 гигават часови годишно, додаде тој, нагласувајќи дека компанијата сака да обезбеди долгорочна позиција во трката за најдобра батерија и најдобро корисничко искуство во ерата на мобилност со нула емисии.

URL

Групацијата Volkswagen најави и партнерства со British Petroleum и водечките европски компании Enel и Iberdrola за проширување на својата мрежа на станици за полнење електрични возила.

Недостатокот на инфраструктура сè уште се смета како голема пречка за масовно прифаќање на електричните автомобили.

„Во просек, ќе ги намалиме трошоците за батериски системи на далеку под 100 евра за киловат-час“ (119 американски долари), рече членот на одборот на VW, Томас Шмал, истакнувајќи дека ова конечно ќе ја направи електронската мобилност достапна и доминантна погонска технологија.

Според декемвриските податоци на компанијата Benchmark Mineral Intelligence, цената на батериите за електрични возила падна во просек на 110 долари за киловат-час.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Авто новости

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Read more

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Read more

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Read more
 

Автомобили

  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Читај повеќе