Каков паричник - таква финансиска состојба

Паричникот ви е полн со картички, листови хартија и еден куп работи што не знаете ни зошто се таму? Или држите сѐ под контрола, со уредно наредени пари?

Постојат многу верувања дека состојбата на вашиот паричник може позитивно или негативно да влијае на стекнувањето богатство.

Едно од верувањата вели дека воопшто не е сеедно дали банкнотите во паричникот се уредно превиткани или стуткани и безгрижно стегнати.

Имено, неуредниот паричник го блокира протокот на позитивна енергија, а со тоа прави хаос во вашите финансии. Затоа, ако сакате да привлечете богатство во животот, нека биде вашиот паричник уреден и банкнотите внимателно наредени.

Парите мора да ги почитувате ако сакате постојано да ви доаѓаат.

Има нешто друго на што треба да обрнете внимание, а тоа е големиот малер ако носите неплатени сметки во вашиот паричник, па дури и оние што сте ги платиле. Имено, тоа ја привлекува енергијата на плаќањето во вашиот живот и постојано ќе треба да давате пари за нешто.

Исто така, чувајте само пари и картички во вашиот паричник, сѐ останато носете во нешто друго. Исто така важно е секогаш да имате малку повеќе пари од планираното. Тоа привлекува уште подобри финансии во вашиот живот.

Важно е и дали сами сте го купиле паричникот или сте го добиле како подарок. Препорачливо е да го изберете сами и да го купите за да го сакате и со задоволство да ги чувате парите во него.

Во секој случај, избегнувајте да купувате веќе користени паричници бидејќи никогаш не знаете каков бил претходниот сопственик и каква енергија носи со себе - добра или лоша.

Според верувањата, важна е и бојата на паричникот.

Црвена - оваа боја одамна е позната по привлекувањето богатство и изобилство. Многу брзо ја неутрализира негативната енергија.

Темносина - оваа боја симболизира изобилство.

Црна - таков паричник повикува на просперитет.

Кафена - оваа боја носи богатство и е најчеста кај паричниците.

Зелена - оваа боја е одличен избор ако сакате нов финансиски почеток, без оглед што се случило во минатото.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Живот

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе