Караџовски: Комисијата изработи предлог протокол за пописот

„Во нашата држава се регистрирани, заклучно со вчерашните податоци, 116 случаи на реинфекција и двајца починати. Ја следиме состојбата дали е возможна реинфекцијата, да можна е и на светско ниво“, соопшти денеска епидемиологот Жарко Караџовски, објаснувајќи дека вкупниот број е многу мал.

Тој соопшти дека луѓето најчесто повторно се заразуваат поради невнимателност како втор контакт со заразено лице кое најверојатно е заразено од британскиот сој за кој веќе е познато дека е многу позаразен. 

Додаде дека не станува збор за невалидни тестови, 20 институции во државава имаат одобрение од Министерството за здравство да се занимаваат со дијагостика и да прават ПЦР тестови.

„Верувам дека овие резултати што сме ги добиле како реинфекција голем дел се должат на непочитување на мерките или во крајна линија на оние лица кои мислат дека не можеле да се заразат, а имале контакт со лице, кое е можеби заразено со британскиот сој“, рече тој.

Појасни дека за британскиот сој карактеристично е дека 50 до 70 отсто побрзо се пренесува, веќе е верифициран во земјава, особено во поголемите градови како Скопје, Охрид, Прилеп.

„Не може на населението да му кажеме дека ако ја прележале инфекцијата дека не може да имаат реинфекција“, рече Караџовски и додаде дека вирусот има повеќе од четири илјади мутации. 

Тој дополни дека Комисијата не се занимава со тоа дали ќе има или ќе нема попис, туку даден е предлог.

Соопшти дека до Комисијата за заразни болести од повеќе државни институции било побарано протокол како ќе функционираат Собранието, Владата па дури и пописот.

„Комисијата направи предлог протокол за пописот, а на кој начин ќе се одржува тоа е политичка одлука, вели Караџовски. Ако ме прашувате што ќе се случи за еден месец отсега не можам да ви предвидам“, вели епидемиологот.

„Државата одлучува за тоа, ние само дадовме предлог за протокол“, вели тој.

Следете ја прес-конференцијата во живо:

Remote video URL
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Read more

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе