Категорично „не“ од австралиските власти за барањата на Ѓоковиќ

Австралиските власти категорично ги отфрлија денеска барањата на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ за олеснување на строгиот карантин за големиот број тенисери и тенисерки, кои се во двонеделна самоизолација без услови за подготовки за претстојниот Австралија Oпен.

Вкупно 74 тенисери и тенисерки, кои со чартер-летови пристигнаа во Мелбурн за настап на Австралија Опен, со одлука на организаторите, се ставени во строг двонеделен карантин, откако беа откриени неколку случаи на зараза со коронавирус меѓу патниците.

Ѓоковиќ, во својство на претседател на Здружението на тенисери, со писмо до организаторите на грен слемот во Мелбурн побара да бидат обезбедени рамноправни услови за подготовки за сите учесници на турнирот што треба да стартува на 8 февруари.

Категорично „не“ на неговиот апел денеска пристигна од премиерот на австралиската сојузна држава Викторија, Даниел Ендруз.

-Правилата нема да се менуваат, бидејќи беа наложени од здравствените власти. Луѓето можат слободно да поднесуваат листи со желби, но одговорот е „не“, изјави Ендруз.

-Знам дека неколку играчи имаат приговори во врска со правилата, но тие важат подеднакво за сите. За нив сите беа информирани пред доаѓањето и тоа беше условот што го прифатија, додаде премиерот на Викторија. 

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Тенис

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Read more

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Read more

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе