ЗИМСКИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ПЕКИНГ 2022

Ќе има луди резултати: Хокеј репрезентацијата на домаќинот Кина сепак ќе игра на ЗОИ

Претседателот на Светската хокеарска федерација, Лук Тардиф, изјави дека организацијата сепак нема да ја исклучи кинеската репрезентација од учество на олимпискиот турнир во Пекинг.

„За да се разјасни ситуацијата, ИИХФ нема да го повлече кинескиот тим од Олимписките игри, статусот на машката репрезентација како земја-домаќин на олимпискиот хокеј турнир е потврден од конгресот и останува непроменет. Работиме со Кинеската асоцијација за хокеј на мраз за да ја потврдиме подобноста на нивните играчи да се натпреваруваат според правилата на ИИХФ и ќе продолжиме да им помагаме да го подготват тимот за Олимписките игри“, рече Тардиф.

Кина како домаќин автоматски се квалификуваше за ЗОИ 2022, но квалитетот на домашниот тим (32. место на светската ранг-листа) е далеку зад другите учесници. Досега во историјата на Олимписките игри не се случило земја-домаќин да биде отстранета од турнирот во хокеј на мраз.

Во септември, Тардиф изјави дека кинескиот тим може да биде отстранет од Игрите поради лошата подготвеност и неконкурентност.

„Гледањето тим како губи со 15:0 не е добро за никого, па ниту за Кина“, изјави Тардиф за агенцијата Франс прес во септември.

Олимписките игри во Пекинг ќе се одржат од 4 до 20 февруари 2022 година. Кина е во А групата со актуелниот светски шампион Канада, САД и Германија на машкиот турнир. Тоа значи дека ја чекаат три страшни натпревари, на кои кинеските хокеари може да доживеат невиден дебакл.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Останати спортови

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Read more

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Read more

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Read more

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе