Ќе се казнуваат угостителите, не гостите, во случај на непочитување на протоколите

Во моментов се одржува прес-конференција на претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашковска, заедно со Стојко Пауновски, директор на Државен пазарен инспекторат, Иринка Сотирова Бухова - директорка на Државен санитарен и здравствен инспекторат, Висар Риза, директорка на Агенцијата за лекови и медицински средства, Аљазин Хавзиу, директор на Државен инспекторат за труд, Руфат Хусеини, директор на Државен инспекторат за транспорт и Зоран Атанасов, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска Грашкоска најави тимови на инспектори кои ќе вршат координиран надзор во угостителските објекти, но и ќе ги информираат угостителите за содржината и начин на спроведување на протоколот. Инспекторите на ДПИ, Инспекторатот за труд и АХВ ќе бидат засилени со инспектори на УЈП.

На почеток, првите десетина дена, посетите на инспекторите ќе бидат информативни и едукативни, но доколку се забележи дека не се почитуваат протоколите, ќе следуваат и казни.

„Контролата ќе биде насочена на оние коишто вршат угостителска дејност. Дали на една маса ќе има две или четири лица, тоа е на одговорност на оној кој треба да ги спроведува протоколите, а тоа се оние кои организираат и обавуваат угостителски дејности. Инспекторите се тие кои после укажувањата да постапуваат и да преземаат соодветни мерки. Келнерот односно сопственикот на локалот се оние кои ќе треба да ги спроведуваат протоколите. Инспекторите нема да ви побараат лична карта бидејќи тие не бараат лични карти на физички лица. Угостителите како правни лица ќе бидат предмет на контролите од страна на инспекторите“, рече на новинарско прашање за тоа кој ќе врши проверка на лични карти при сместување на гостите“, рече Стојко Пауновски, директор на Државен пазарен инспекторат.

На новинарско прашање за тоа врз кого ќе падне глобата за непочитување на протоколите, врз тие што се услужени или тие кои ја даваат услугата, тој одговори:

„Протоколите се однесуваат на оние кои организираат и обавуваат угостителски дејности. Сите кои нема да ги почитуваат одлуките и протоколите ќе бидат казнувани согласно чл. 205 и 206 од Уредбата што се донесе на почетокот на прогласувањето на пандемијата. Лицата нема да се казнуваат, ќе се казнуваат оние кои организираат угостителска дејност. Затоа нека си обратат повеќе внимание како ќе се организираат, колку луѓе ќе пуштаат, бидејќи ДПИ не може да казнува физички лица и да ги легитимира.“

Remote video URL
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Македонија

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Read more

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Read more
 

Вести

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе

За неколку дена претседателката Силјановска ќе ја има првата посета во странство

Читај повеќе

Денес дожд и грмежи, можно е краткотрајно невреме со силен ветер и град

Читај повеќе

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе