Ќе се одлучува за пократок полициски час и посебни правила за празниците

Постојните мерки за ограничување на движењето и другите рестрикции и мерки за примена на личната заштита за спречување на ширењето на COVID-19 истекуваат денеска, а вчера Кризниот штаб предложи полицискиот час од утре да почнува од 21 часот и да трае до 5 часот изутрината, да се отворат летните тераси на сите угостителки објекти, а за време на претстојниот празник Велигден, сабота кон недела (1 кон 2 мај) и 12 кон 13 мај кога се слави Рамазан Бајрам да нема полициски час. Сега на потег е Владата која на денешната седница треба да донесе конечна одлука.

Олабавувањето на мерките, според министерот за здравство Венко Филипче, се должи на подобрената епидемиолошка состојба, а тоа е резултат на, како што вели, навремено донесените мерки и димензионирањето на целокупниот систем на координација на приеми во болниците.

– Бројот на новозаболени од COVID-19 се намалува, трендот е дефинитивно таков, епидемиолошката крива е во опаѓање. Денеска има и помалку од 100 новодијагностицирани случаи. Сето тоа се чувствува и во болниците насекаде низ државата, каде беа многу полни капацитетите, сега има тренд и тој број испишани пациенти е поголем од примените, изјави вчера Филипче.

Посочи дека се намалува притисокот кон болниците во внатрешноста со префрлање пациенти во скопските јавно здравствени институции и системот на координација меѓу клиниките.

– Имајќи го и ова сега предвид се ослободуваат и некои одделенија кои беа дополнително ангажирани да сместат пациенти со COVID-19. Генерално чувствуваме олабавување во смисла на намален притисок. Ги следиме трендовите и во околните држави, овој втор бран насекаде, во сите околни земји спласнува. Се надевам дека тоа, заедно со забрзаната вакцинација која ќе следи по Велигден, кога пред се ќе бидат дистрибуирани кинеските вакцини согласно бројот на пријавени во регионите, ќе ја смени сликата, рече Филипче.

За претстојните верски празници, Велигден и Рамазан Бајрам, сабота кон недела и 12 кон 13 мај, нагласи, нема да има полициски час и граѓаните ќе можат слободно да се движат, со почитување на мерките за заштита-носење маска и држење дистанца. Напомена дека угостителските објекти за време на верските празници ќе работат до 21 часот.

За групирањето за време на празниците, министерот рече дека верските лидери зеле обврска сè што може да се организира надвор, тоа и да се стори.

– Со ваков начин на организација и одговорноста на граѓаните ќе нема прекршување на мерките. Едноставно, сите со сопствената одговорност да покажеме дека може да се функционира и во присуство на вирус, порача Филипче.

Претставници на Владата и на верските заедници вчера на средба констатираа дека преземените мерки за заштита на јавното здравје дадоа резултати, што го покажува намалувањето на бројот на заболени лица и на граѓани кои имаат потреба да бидат згрижени во болниците, со што се создаваат и можности за поспокојно одбележување на верските празници Велигден и Рамазан Бајрам.

Изразен е заеднички став дека ваквата ситуација не значи и опуштање, поради што Владата и верските лидери на МПЦ-ОА и на ИВЗ апелираат до сите граѓани и понатаму да ги почитуваат мерките за заштита, затоа што од тоа ќе зависи и дали ќе има нови олабавувања на мерките и на полицискиот час.

Владата и поглаварите на МПЦ-ОА и на ИВЗ, во пресрет на одбележувањето на верските празници, заеднички укажуваат дека од голема важност е дисциплината и индивидуалната одговорност на верниците и на граѓаните, во делот на почитувањето на важечките протоколи, како што се носењето маска на отворен и затворен простор, држење дистанца, негрупирање, присуството во внатрешноста на верските објекти да не е поголемо од 30-процентна исполнетост на капацитетот.

Од Кризниот штаб минатата недела наведоа дека предлог-мерки на Комисијата за заразни болести ќе се разгледуваат исклучиво доколку се задржат трендовите на опаѓање на бројките на новозаразени и хоспитализирани лица, за што клучно е почитувањето на личните мерки за заштита од COVID-19 и активните протоколи за функционирање во услови на COVID-19.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Македонија

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Read more

Кривичен суд го добил барањето од Палевски за адвокат

Read more

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more
 

Вести

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Европски фронт: Ниту една влада не може да го раскине договорот со „Бехтел и Енка“

Читај повеќе