Кениска атлетичарка го собори светскиот рекорд на 1.500 метри, па се расплака

Атлетичарката од Фејт Кипјегон (29) од Кенија синоќа на митингот на Дијамантската лига во Фиренца постави нов светски рекорд на 1.500 метри. Сега новиот најдобар резултат е 3:49.11.

Актуелната двократна олимписка шампионка го подобри за речиси една секунда претходниот светски рекорд од 3:50,07, кој беше на сила од 2015 година, а го држеше атлетичарката од Етиопија, Гензебе Дибаба.

Откако ја мина целта, оваа спортистка се фати за глава и заплака.

URL

„Навистина сум благодарна, денес беше прекрасен ден во кој сè се поклопи. Светскиот рекорд ми беше на ум уште од минатата година, но сакав малку по малку да се доближам до него за да видам дали е можно да го соборам веќе оваа година. Не можам да верувам. Сега го постигнав она за што сонував, она што ми беше во срцето и умот“, изјави атлетичарката.

Тоа не беше сè што се однесува до рекордот, бидејќи атлетичарката од Холандија, Фемке Бол, го постави најдоброто време во годината (52,43 секунди) на трката на 400 метри со пречки и со тоа го подобри рекордот на митингот (52,82) која од 2010 година го држеше Американката Лашинда Демус.

Рекордот на митингот беше соборен и во трката на 3.000 метри со пречки, а сопственик на новиот рекорд (9:00,71 минути) е Етиопјанецот Сембо Алмају, кој постави и личен рекорд и најдобро време во светот оваа година. Таа го подобри рекордот на митингот за повеќе од 4 секунди.

URL

Наредното натпреварување на кое ќе се собираат дијамантски поени ќе се одржи на 9 јуни во Париз.

Тагови
реклама

Останати спортови

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more

УФЦ борач нокаутираше навивач: Од Русија сум, никој нема в лице да ме навредува

Read more

Литванец го собори најстариот машки светски рекорд

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе