Хабиб: Нема да паднам без испукан куршум

УФЦ се врати по многу шпекулации и преговарања, на големо задоволство на фановите. Во саботата се одржа првата борба по прекинот поради пандемијата, меѓу Тони Фергусон и Џастин Гејџи.

Хабиб Нурмагомедов му испрати порака на Фергусон откако Американецот беше поразен од Гејџи на настанот УФЦ 249.

Откако борбата со Дагестанецот по петти пат беше одложена – овојпат поради пандемијата – Фергусон реши да влезе во октагонот против Гејџи, но беше поразен. Гејџи беше подобар противник во сите пет рунди, а борбата беше решена со технички нокаут во петтата рунда.

По мечот, Хабиб му упати утешни зборови на Фергусон, кој сега ќе мора да го гледа соочувањето на дагестанскиот ММА борач со Гејџи за појасот во лесна категорија.

„Што и да се случи, тоа останува во минатото. Главата горе, Тони. Се надевам дека ти и твоето семејство сте добро. Кога син ти ќе порасне, ќе се гордее со тебе“, му напиша Нурмагомедов преку Twitter.

URL

Гејџи, пак, одвај чека да се пресмета со Дагестанецот. По победата против Фергусон доби привремен појас кој веднаш го тргна и порача дека го сака „оној вистинскиот“ што го има Хабиб.

Дагестанецот, кој не настапува бидејќи не смее да излезе од земјата поради мерките за заштита од пандемијата со COVID-19, прво на Twitter на тоа одговори со „Без коментар“, но не издржа и се огласи подоцна на Instagram:

„Во овој спорт, а особено во оваа категорија, секогаш ќе има млади лавови кои ќе ви дишат во врат. Ако се опуштите, ќе изгубите. Едни заминуваат, други доаѓаат и тоа не е никакво изненадување. Но, јас нема да паднам без испукан куршум. Ќе се бориме.“

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Останати спортови

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Read more

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Read more

ММА борач удри девојка по задникот, веднаш беше исфрлен од организацијата

Read more

Падна светскиот рекорд во маратон

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе