Штотуку поразениот Карен Хачанов, кој во полуфиналето загуби токму од Стефанов Циципас, го советуваше Гркот како да го победи Новак Ѓоковиќ во финалето на Австралија опен.

Новак Ѓоковиќ ќе игра против Стефанос Циципас за титулата на Австралија опен. Победникот покрај трофејот ќе го заземе и првото место на АТП листата. Србинот го совлада Томи Пол (САД), а Гркот беше подобар од Карен Хачанов (Русија). Веднаш по тој натпревар Русинот имаше совет за грчкиот играч.
На новинарско прашање како Циципас може да го изненади Ѓоковиќ, рускиот тенисер се насмеа.
„Можеби треба да му се јави на Даниил Медведев. Единствениот играч од нашата генерација кој го победил Новак во финале на Грен слем турнирите. Не знам дали тоа ќе се случи, но можете да му го пренесете мојот совет“, низ насмевка одговори Хачанов.
Финалето се игра во недела од 9:30 часот по македонско време, а дотогаш Циципас има доволно време да се консултира со Медведев.