Познатата германска манекенка Хајди Клум неодамна присуствуваше на доделувањето на музичките награди iHeartRadio.

49-годишната манекенка и бизнисменка за оваа пригода носеше долг фустан во сина боја, кој блескаше во темница цела вечер за време на доделувањето.

Најголемо внимание на јавноста привлече и горниот дел од фустанот кој со специфичен крој ги истакна градите на Хајди, а германската манекенка целокупниот изглед го заокружи со темна и ефективна шминка. Може да се каже дека Хајди Клум уште еднаш покажа како изгледа божица на црвениот килим.