Хајлајтс од триумфот на Лејкерс во НБА

Лос Анџелес Лејкерс ја освоија НБА лигата по рекорден 17-ти пат.

URL

Лејкерс го оставија најдоброто од себе за најважниот момент и одиграа брилијантен шести натпревар против Мајами Хит, откако триумфираа со 93:106 (20:28, 16:36, 22:23, 35:19) и ја затворија серијата со 4-2 во победи. На овој начин, Леброн Џејмс и неговите соиграчи го освоија посакуваниот 17-от трофеј во историјата на клубот, израмнувајќи го претходниот апсолутен рекорд на другата легендарна организација – Бостон Селтикс.

URL

„Кралот“ ја заработи четвртата титула во својата голема кариера, водејќи трет тим до трофејот во Лигата. 35-годишната легенда ги грабна своите први две титули со Мајами Хит, а потоа го исполни ветувањето дека ќе донесе една во витрините на Кливленд, а вечерва им помогна на Лејкерси повторно да стигнат до врвот на НБА. Џејмс го забележа 28-иот „трипл-дабл“ во плејофот откако на својата сметка остави 28 поени, 14 скока и 10 асистенции за победа на неговиот тим. Тој ја доби наградата „Најкорисен играч“ во Финалето и со тоа стана првиот играч во историјата што бил МВП на финалата серија со три различни тима.

URL

„Работата е завршена“, така би се изразила покојната легенда на Л.А. Лејкерс, Коби Брајант. Петкратниот шампион на Лејкерс го напушти светот на 26 јануари оваа година, но тој секако со радост гледа како еден од неговите најдобри пријатели, Леброн, го води клубот на неговото срце до неговиот прв трофеј од 2010 година. Тогаш Коби, Пау Гасол и компанија ја донесоа последната шампионска титула за организацијата.

URL

Екипата на Мајами заслужува големи пофалби за извонредниот учинок во годинашното нетрадиционално издание на плејофот. Кошаркарите на Ерик Сполстра на патот до финалето ги елиминираа Индијана Пејсерс, најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната Милвоки Бакс и опасната екипа на Бостон Селтикс, за да го освојат правото да се борат за првата титула од 2013 година. За жал, повредите на Бам Адебајо и Горан Драгиќ во голема мера го запреа налетот на „жешките“, кои пак најдоа спасител во лицето на Џими Батлер. Крилото се истакна со феноменални настапи и ги затвори устите на сите свои критичари. Иднината е пред Мајами, кој има солиден број на млади таленти како Адебајо, Тајлер Хиро и Данкан Робинсон, кои имаат огромен потенцијал.

Remote video URL

Што се однесува до самиот меч, Лејкерси беа навистина беспрекорни во одбраната. Одлуката на тренерот Вогел да го остави Двајт Хауард на клупата и да го пушти Алекс Карузо како стартер, жртвувајќи ја висината за периметарска одбрана, се покажа генијална, бидејќи бекот беше скоро насекаде на паркетот и не им оставаше лесни удари на своите противници. Ова важеше и за неговите други соиграчи, а доказ за тоа е и фактот дека Хит постигна само 36 поени во првото полувреме. Во нападот, Леброн Џејмс и компанија немаа проблем да реализираат поени и го задржаа своето цврсто водство, освоено по крајот на втората четвртина.

Во третата четвртина разликата се зголемуваше, а до крајот, „езерџиите“ само го одржуваа водството.

URL

Леброн Џејмс ги предводеше Лејкерси со 28 поени, 14 скока и 10 асистенции при 13/20 шут од поле. Ентони Дејвис заврши со „дабл-дабл“ од 19 поени и 15 скока, Ражон Рондо одлично се вклучи од клупата со 19 поени и 8/11 шут од игра, а Дени Грин постигна 11 поени и зеде 5 скока.

Бам Адебајо беше над сите за Мајами со 25 поени, 10 скока и 5 асистенции. Џими Батлер додаде 12 поени, 7 скока и 8 асистенции, Џеј Краудер исто така постигна 12 поени, а Данкан Робинсон додаде 10.

Remote video URL

Честитки стигнаа од многу страни, вклучувајќи го фудбалскиот клуб Милан, тимот на Сакраменто Кингс и поранешниот претседател на САД Барак Обама:

URL
URL
URL
Тагови
реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кошарка

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Read more

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Read more

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Read more

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе