Хаос во Русија: Вагнер собори хеликоптер на руската армија, ја презеде контролата над Ростов

Јевгениј Пригожин, водачот на приватната воена група Вагнер, ја обвини руската воена елита за напад на воениот камп на Вагнер и масовно убивање на неговите борци. Потоа, Рускиот национален комитет за сузбивање на тероризмот покрена кривична постапка против Пригожин за поттикнување вооружен бунт.

Според извештајот на руската државна новинска агенција ТАС, клучните објекти во Москва се под засилено обезбедување, а безбедносните мерки во главниот град се зајакнати. Руската безбедносна служба ФСБ издаде соопштение во кое ги повика платениците да не ги почитуваат наредбите на нивниот лидер.

Воениот известувач Андреј Рудјенко, поврзан со Кремљ, објави видео на Телеграм во кое рускиот генерал Сергеј Суровикин ги повикува војниците на Вагнер да го положат оружјето.

URL

„Непријателот само чека да се влоши политичката ситуација во нашата земја. Во овие тешки моменти не е во ред да се игра во рака на непријателот“, рече Суровкикин додека држеше пушка на ногата.

Пригожин утрово во аудио-порака на Телеграм објави дека неговите сили собориле руски воен хеликоптер.

„Кога хеликоптерот отвори оган врз колоната цивили, беше соборен од единиците на Вагнер“, рече Пригожин.

URL

Градоначалникот на Москва најави дека се преземаат антитерористички мерки за зајакнување на безбедноста во главниот град на Русија. Сергеј Собјанин рече дека градот воведува и дополнителни проверки на патиштата.

URL

Според Пригожин, силите на Вагнер ја презеле контролата врз воените локации во Ростов на Дон.

Шефот на Вагнер, исто така, на видеото, објавено на Телеграм, вели дека тој и неговите луѓе се во воениот штаб на јужната област во Ростов на Дон.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе