ПРЕМИЕР ЛИГА 2023/2024 - БОКСИНГ ДЕЈ

Хојлунд конечно погоди во Премиер лигата и тоа на Боксинг деј и за победа

Пред почетокот на оваа сезона, Расмус Хојлунд стана еден од најскапите играчи во историјата на Манчестер Јунајтед, а првиот гол во лигата го постигна дури синоќа на Боксинг деј.

Вчера 20-годишниот Данец постигна гол во дербито од 19. коло против Астон Вила, и тоа за победа.

Во 82. минута, по корнер, Хојлунд одлично се снајде во шеснаесетникот и од волеј удар со левата нога го матираше одличниот Емилиано Мартинес за конечни 3:2 и голема победа со пресврт.

URL

Иако постигна дури 5 гола за Јунајтед во групната фаза во Лигата на шампионите, колку му значи првиот гол во Премиершип покажа со големо славје откако ја испрати топката во мрежата.

URL

Да потсетиме, Манчестер Јунајтед го донесе Хојлунд од Аталанта за цели 75 милиони евра иако постигна само 9 гола во Серија А.

Поради ова, челниците на „Црвените ѓаволи“ беа мета на критики од навивачите, но тие се бранеа со тоа дека донеле „мини Холанд“, па ќе видиме дали овој гол ќе сигнализира дека претстојат посветли денови и за Хојлунд и за Јунајтед.

Инаку, Манчестер синоќа губеше со 2:0 на полувреме од Астон Вила среде „Олд Трафорд“ со головите на Џон МекГин во 21. и Леандер Дендонкер во 26. минута. Пресвртот го најави Алехандро Гарначо во 59-тата, истиот играч израмни на 2:2 во 71. минута, за потоа Хојлунд да се погрижи за фантастичен Боксинг деј за Јунајтед.

Remote video URL
реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Read more

Фудбал

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Read more

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Read more

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Read more

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more
 

Спорт

Дали Шпанија ќе биде исфрлена од ЕУРО в петок?

Читај повеќе

Лазаров го објави списокот на ракометари за баражот против Фарски Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Иџе вози Ferrari на ридски патеки

Читај повеќе

Форлан стана професионален тенисер - првиот турнир во јуни

Читај повеќе
  • play_arrow

Клиперс израмни на 2-2 среде Далас, пиров трипл-дабл за Дончиќ

Читај повеќе

Пари Сен-Жермен повторно е шампион на Франција

Читај повеќе
  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе