Храна што редовно треба да ја јадете против лош холестерол

Зголеменото ниво на холестерол негативно влијае на здравјето на срцето и го зголемува ризикот од кардиоваскуларни болести.

Постојат бројни фактори кои влијаат на нивото на холестерол, а исхраната секако е еден од нив.

Вклучувањето на здрава храна во секојдневната исхрана игра клучна улога, а редовното внесување на оваа храна може да придонесе за намалување на лошиот холестерол (LDL).

Мешунки

Мешунките, како што е леќата, играат важна улога во одржувањето на здравото ниво на холестерол. Тие содржат растворливи влакна кои управуваат со холестеролот така што се врзуваат за честичките на холестеролот во дигестивниот систем и ги отстрануваат од телото пред да почнат да циркулираат во крвта.

Печурки

Печурките содржат мешавина од моќни врски како бета-глукан и хитин, кои помагаат да се намали лошиот холестерол додека потенцијално го зголемува добриот холестерол. Според мета-анализата објавена во American Journal of Medicine, по евалуација на седум студии, резултатите покажале дека консумирањето печурки може да има корисни ефекти врз нивото на HDL и LDL холестеролот, пренесува Eat This, Not That.

Масна риба

Масните риби, како што се сардините и скушата, може да имаат својства за намалување на холестеролот бидејќи содржат посебен вид на омега-3 EPA (еикозапентаенонска киселина) и DHA (докосахексаеноична киселина).

Јачмен

Јачменот е добар извор на диетални влакна, витамини и минерали, особено корисен за здравјето на срцето, варењето и одржувањето на урамнотежена исхрана.

Боровинки

Боровинките се познати како овошје кое го намалува нивото на холестерол благодарение на нивната висока содржина на растворливи влакна и антиоксиданси. Растворливите влакна во боровинките помагаат да се намали количината на LDL холестерол во крвотокот. Исто така, антиоксидансите во боровинките, како што е антоцијанот, ја спречуваат оксидацијата и акумулацијата на холестеролот во ѕидовите на артериите.

Тагови
реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Read more

Здравје

Витаминска бомба против пролетен умор

Read more

Кардиолози откриваат како да го пресметаме ризикот од срцеви заболувања

Read more

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Read more

Намалете ги слатките: 8 знаци дека консумирате премногу шеќер

Read more
 

Магазин

Витаминска бомба против пролетен умор

Читај повеќе

Кардиолози откриваат како да го пресметаме ризикот од срцеви заболувања

Читај повеќе

На која возраст луѓето најчесто изневеруваат во љубовните врски?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Читај повеќе
  • play_arrow

Бургер на едноставен начин

Читај повеќе

Три намирници што ги зачепуваат артериите

Читај повеќе

Во кој случај не треба да земете домашно милениче?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Читај повеќе

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Читај повеќе