Кина одбива меѓународна истрага пред да заврши пандемијата на COVID-19

Женева, 6 мај 2020 (МИА) – Кина не прифаќа меѓународна истрага за потеклото на новиот коронавирус сѐ додека пандемијата и американските обвинувања кон Пекинг продолжуваат да се шират, изјави денеска кинескиот амбасадор при ОН во Женева, Чен Су.

– Првиот приоритет е концентрација на борбата против пандемијата сѐ до конечна победа… Ние немаме време за губење кога е во прашање спасувањето животи, истакна амбасадорот Чен Су преку видео прес-конференција.

Запрашан за повикот кој Светската здравствена организација го очекува за да може да испрати свои експерти во Вухан, каде започна пандемијата во декември минатата година, Чен оцени дека дипломатскиот контекст тоа не го дозволува.

Тој ги осуди изјавите на американските високи претставници, според кои вирусот се проширил од Институтот за вирологија во Вухан.

– Не можеме да толерираме дека тој вид на политички вирус слободно се шири во време кога сите напори треба да бидат насочени кон борбата против вистинскиот вирус, нагласи кинескиот амбасадор.

Чен ги обвини американскиот претседател Доналд Трамп и државниот секретар Мајк Помпео, кои тврдат дека имаат докази оти новиот коронавирус е „пуштен“ од лабораторија во Вухан, објаснувајќи дека тие ја отежнуваат борбата против пандемијата со тоа што го пренасочуваат вниманието од сопствената одговорност за ширењето на вирусот во САД.

– Ако Трамп и Помпео имаат докази, тогаш нека му ги покажат на целиот свет, наместо да вперуваат прст… Научниците можат да одговорат на тие прашања, истакна Чен на прес-конференцијата.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Свет

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Read more

Откриен офанзивниот план на Путин: Каде се мести тампон зона?

Read more
 

Вести

Фирма од Чаир монтира небезбедно панорамско тркало во Карпош, обвини Град Скопје

Читај повеќе

Премиера на претставата Парови во Драмскиот театар – Скопје

Читај повеќе

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Читај повеќе

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Читај повеќе

Судир на два воза во Србија: Има повредени, нема загинати

Читај повеќе

Зa 20 години Хрватска ќе биде празна, младите си заминуваат: Мрачни прогнози на германските медиуми

Читај повеќе

Ирански командант: Три европски земји ќе одговараат за помошта кон Израел

Читај повеќе

Денес малку сонце, па облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе