ПРЕМИЕР ЛИГА 2020/21

Клоп ги отфрли гласините дека е заситен од Ливерпул

Викендов се раширија гласини дека Јирген Клоп е презаситен од фудбал и дека ќе си замине од Ливерпул за да направи пауза откако тимот запиша трет пораз во низа.

Германскиот страгег ги отфрли ваквите тврдења инсистирајќи дека не му е потребна никаква пауза.

Ливерпул сезонава не е на ниво. Во саботата додаде нов пораз кога на гостувањето во Лестер загуби од домаќинот со 3:1 иако до 78. минута водеше 0:1. Така, „Црвените“ сега имаат 13 бодови заостанување зад лидерот Манчестер Сити, се во серија од три порази по ред, а го доживеаја шестиот пораз сезонава.

Откако медиумите на Островот почнаа да пишуваат за наводното заминување на Клоп, група навивачи поставија банер пред „Енфилд“ со поддршка за Германецот.

„Слушнав и за гласините и за банерот. Банерот е убав гест, нормално. Но, не е потребен. Не ми треба некаква посебна поддршка во моментов, но убаво е, навистина убав гест“, вели Клоп.

„Дали ме отпуштиле или самиот ќе си одам? Ниту едното, ниту другото. Не ми е потребна пауза“, вели тој.

Дел од гласините беа и дека лошите резултати се поради периодот низ кој поминува Клоп, односно дека неодамна почина неговата мајка Елизабет.

„Последното нешто кое би сакал да го направам е да зборувам за лични работи. Сите знаат дека имавме лош период, но секогаш се справуваме како семејство, 100 посто. Како тренер работам веќе 20 години и можам да ги разделам тие нешта. Личното го исклучувам, не носам такви работи со мене. Ако сум на работа, тогаш работам“, рече Јирген во манир на вистински Германец.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Фудбал

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе